Битолскиот завод и музеј беше домаќин на инфо денот, односно промоцијата на програмата Креативна Европа на ЕУ, која се одржа на 13.06.2016. Во рамките на настанот беа презентирани можностите за аплицирање во рамките на потпрограмите Култура и МЕДИА. Целта е да се информираат потенцијалните корисници за престојните повици за аплицирање во рамките на овие потпрограми.
За овие потпрограми може да аплицираат сите институции и организации кои што се занимаваат со дејноста култура или медиа. Битолскиот завод и музеј веќе беше корисник на средства од оваа програма наменети за културата. Добивањето на проектите зависи од апликантите и целта за која тие аплицираат, а досегашното искуство од користењето на овие средства е доста позитивно.
Од месец јули 2015 година, Македонија е дел од потпрограмата МЕДИА, а канцеларијата за МЕДИА работи два месеци, која пред се е наменета како поддршка на македонските продуценти и лица од аудо-визуелниот сектор.
Во моментов во однос на искористувањето на средствата од програмата МЕДИА најголем интерес има од фестивалите и од независните продуцент. Канцеларијата за Креативна Европа потпрограма МЕДИА е во Агенцијата за филм, а Одделението за Креативна Европа – потпрограма Култура е во рамките на Министерството за култура на РМ.