13.10.2023 - Oтворени повици

Филмови во Движење 2024

Број на повик: Films on the Move (CREA-MEDIA-2024-FILMOVE)
(претходно познат како Селективна поддршка за дистрибуција)

Поддршката за активноста на Филмови во движење е намената за широката дистрибуција на неодамнешни ненационални европски филмови, охрабрувајќи ги агентите за продажба и дистрибутерите во кино салите да инвестираат во промоција и соодветна дистрибуција на ненационални европски филмови.

Кој може да аплицира? 

На повикот Филмови во движење можат да се пријават субјекти кои се: 

  • регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела).
  • регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • Апликантот мора да биде европски продажен/sales агент.
  • Апликантот мора да има склучено договор со продуцентот за меѓународна дистрибуција на филмот во најмалку 15 земји кои учествуваат во МЕДИА програмата.
Очекувани резултати:
  • Развој на пан-европски стратегии за дистрибуција за ненационални европски филмови во кино салите и/или онлајн
  • Зголемени инвестиции во кино и/или онлајн промоција и дистрибуција на ненационални европски филмови со цел проширување на публиката
  • Воспоставување или унапредување на соработката помеѓу секторите за производство и дистрибуција со што ќе се подобри конкурентската позиција на ненационалните европски филмови на глобалниот пазар
Поддршката е достапна за: 
  • Активности кои вклучуваат кампањи за паневропска кино и/или онлајн дистрибуција на квалификувани европски филмови, координирани од sales агентот.
  • Проекти кои вклучуваат минимум 7 дистрибутери, од кои најмалку 2 мора да потекнуваат од земји со помал аудиовизуелен капацитет (Група А или Група Б).
  • Филмови чии авторски права се воспоставени најрано во 2022 година.
  • Филмот мора да биде игран (вклучувајќи анимирани филмови) или документарен, со минимално времетраење од 60 минути.
  • не смее да се состои од алтернативна содржина (опери, концерти, перформанси итн.), рекламирање, порнографски или расистички материјал или застапување насилство;
  •  филмовите мора да имаат продукциски буџет од максимум 15 милиони евра
  • мора да биде мнозински произведен од производител или производители основани во земјите кои учествуваат во делот МЕДИА. Минимум 50% од финансирањетоод вкупниот проценет буџет за производство мора да дојде од земјите учеснички во делот МЕДИА и производствените компании мора да бидат кредитирани како такви.
Достапно финансирање 

Максималниот износ на кофинансирање изнесува 90% од вкупниот буџет на проектот. Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е помеѓу 12 и 24 месеци.

Подетални информации за повикот Филмови во движење, на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија.

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk и marijazelenkovska@gmail.com

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk