14.03.2024 - Новости

CEE Форум за анимација 2024

CEE Форумот за анимација го најавува своето 12-то издание, во форма на пичинг и копродукциски настан за анимирани проекти, вклучувајќи нивна организација и финансирање.

Аниматорите, режисерите и професионалците од индустријата се поканети да ги поднесат своите дела, а апликациите се отворени за сите европски анимирани проекти во развој во следниве 4 категории:

  • Играни филмови (минимум должина од 60 минути; концепт, во развој или продукција),
  • Серии и ТВ (веб и ТВ серии од кој било формат и филмови, минимална должина од 20 минути; сите фази на развој освен концепт фазата),
  • Кратки филмови (максимална должина од 20 минути; сите фази на развој освен концепт фазата),
  • Ѕвезди во подем (студентски кратки филмови, максимална должина од 20 минути; сите фази на развој освен концепт фазата).

Настанот е закажан за 12-13 ноември 2024 година во Пилсен, Чешка.

Краен рок: 30 април 2024 година

– Апликацијата е достапна на следниов линк: Формулар за поднесување

– Повеќе информации и детали за повикот на следниот линк: Детали за повикот и Насоки