14.12.2023 - Oтворени повици

Европска Филмска Дистрибуција

Линк: European Film Distribution (CREA-MEDIA-2024-FILMDIST) 

Европска филмска дистрибуција e поддршка наменета за широка транснационална дистрибуција на современи европски филмови преку обезбедување пристап до фондови за европски дистрибутери, врз основа на нивните достигнувања на пазарот, за откупување, промоција и дистрибуција (во кино салите и онлајн) на современи европски филмови. 

Кој може да аплицира?

На повикот Европска филмска дистрибуција можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
  • Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • Компании кои се активни во аудиовизуелната индустрија со главна дејност кино-дистрибуција; 
  • Кино дистрибутери кои ги исполнуваат следните критериуми: 
    • Да биде сопственик на правата за кино дистрибуција на филмот во засегнатата земја;
    • Да ја спроведува кино дистрибуцијата на филмот во засегнатата земја (одлучување за премиера, план, контрола и спроведување на дистрибутивна и промотивна кампања);
    • Да ги исплати директно поврзаните дистрибуциски трошоци;
    • Да биде регистриран во земјата и да има кино-дистрибутерски функции во земјата. 
Очекувани резултати:
  • Усовршување на транснационалната дистрибуција на неодамнешните ненационални европски филмови;
  • Зголемување на инвестициите за продукција, откупување на права, промоција, кино и онлајн дистрибуција на ненационални европски филмови;
  • Вмрежување помеѓу секторот за продукција и дистрибуција со што ќе се зајакне конкурентската позиција на ненационалните европски филмови. 
Поддршката е достапна за:

Активностите се одвиваат во две фази:

  1. Создавање на потенцијален фонд врз основа на перформансот на компанијата на европскиот пазар; 
  2. Потенцијалниот фонд мора да биде реинвестиран во (спореведување на активностите):
  • Копродукција на квалификувани европски филмови;
  • Стекнување на права за дистрибуција (пр: средства за минимални гаранции);
  • Промоција и рекламирање на пазарот на квалификувани европски филмови (прикажувани во живо и онлајн). 
Достапно финансирање:

Потенцијалниот генериран фонд нема да надмине 1.000.000 евра по апликант.

Достапноста на буџетот за повици сé уште зависи од усвојувањето на буџетот за 2024 година со буџетскиот орган на ЕУ.

Максималниот износ на кофинансирање од страна на донаторот изнесува 70% од вкупниот буџет на проектот. 

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик не треба да е подолго од 24 месеци. 

Подетални информации за повикот Европска филмска дистрибуција, се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk