14.10.2022 - Новости

Series Rough Pitch – The Balkan Way 2022

Series Rough Pitch – The Balkan Way e пичинг работилница и онлајн настан посветен на ТВ играни серии во рамки на индустрискиот дел на Филмскиот фестивал во Загреб, на 7 ноември 2022 во 12ч.

Фокусот на овој настан се ТВ играни серии во фаза на развој од кои 8 избрани проекти ќе имаат можност да се презентираат онлајн со претходно снимени видео пичинзи и индивидуални Q & A сесии пред жири составено од експерти од индустријата.

Работилницата за подготовка на видео пичинг ќе биде водена во периодот од 21 октомври до 7 ноември 2022 од стана на искусни интернационални тренери, сценаристката Валерија Рихтер ( Valeria Richter) и продуцентката Хелен Гранкуист (Helene Granqvist).

Финалниот пичинг  е предвиден за 7 ноември 2022 и истиот ќе се одржува преку онлајн стриминг. Жири комисијата ќе определи кој проект ќе добие награда од 3.000 евра за понатамошен развој, како и други дополнителни награди.

Повикот за учество е отворен за кандидати кои доаѓаат од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Избраните кандидати мораат да учествуваат на работилницата за подготовка на пичинг која ќе се одржува во следниве денови:

28.10 петок | тимска работа | 9.30 – 12.30ч. / 13.30 – 18.30ч.

02.11 понеделник | 1:1 средби и индивидуална работа | 9.30 – 12.30ч / 13.30 – 17.30ч

* Подготовка на видео пичинг со времетраење од најмногу 5 минути до 2 ноември 12ч.

03.11  четврток | тимска работа | 9.30 – 12.30ч / 13.30 – 16.30ч.

04.11 петок | индивидуална работа: доставување на финалниот видео пич до 17ч.

Главната презентација ќе се одржи на 7 ноември од 12:00 до 14:30ч.

Кандидатите треба да ги достават следните материјали:

  • Logline + синопсис за сезоната (најмногу 1½ страна + контакт информации ½ страна**)
  • Moodboard (најмногу 2 страни)
  • Мотивациско писмо (најмногу 1 страна: Зошто оваа серија? Зошто ти и зошто сега? Која е твојата визија за проектот како креатор?)
  • CV кое вклучува 5 реда наративно био (најмногу 1 страна)
  • Сите овие 4 документи да бидат собрани во еден ворд документ кој содржи најмногу 6 страни
  • Портрет фотографија ( 2 MB, прикачена одделно во мејлот)

**) Ве молиме вклучете ги информациите за контакт проследени со спецификациите на серијата: број и времетраење на епизоди, формат, жанр, јазик, статус на проектот ( фаза на развој/ финансирање), копродуценти наведени на почетокот на ворд документот.

Материјалите треба да се испратат на: martina.petrovic@mediadesk.hr.

Рок за пријавување: 21 октомври до 12ч.

Настанот е организиран од страна на Креативна Европа МЕДИА Деск Хрватска со поддршка од МЕДИА Десковите од Бугарија, Црна Гора, Грција, Србија и Северна Македонија.