МЕДИА Деск МК Партнер на Ревијалната програма: филм-философија на Филозофски филмски фестивал
Во рамки на Ревијалната програма: филм-философија на Филозофски филмски фестивал, во Кинотека на Северна Македонија, од 6ти до 8 јуни, ќе имате можност да го посетите штандот на МЕДИА Деск МК и да дознаете повеќе за можностите кои програмата Креативна Европа МЕДИА ги нуди за поддршка, развој и дистрибуција нa европскиот филм и аудиовизуелните индустрии.
Креативна Европа МЕДИА на Златна рамка- Денови на македонскиот филм | Мартина Петрович (МЕДИА Деск Хрватска)
Креативна Европа Деск-Канцеларија МЕДИА од Северна Македонија и Хрватска и Друштво на филмски работници на Северна Македонија, ве покануваат да учестувате на „МЕДИА инфоден- совети и трикови за кластерот содржина!“ водена од Мартина Петрович, претставник од МЕДИА Деск Хрватска, во рамки на „Златна рамка- Денови на македонскиот филм 2023“, на 21 и 22 aприл, МКЦ фоаје, со почеток во 11 часот.
21 април 2023 | 11-15ч | МКЦ фоаје
МЕДИА инфоден- совети и трикови за кластерот содржина!
Информативна сесија на Креативна Европа МЕДИА чијшто главен фокус е обезбедување на насоки, совети и трикови за аплицирање на повиците за Развој на мали групни проекти, Развој на европски копродукциски проект и ТВ и онлјан содржина. Заинтересираните учесници ќе добијат темелен преглед во она што е потребно при подготовката на нивните апликации, тргајќи од критериумите за подобност па се до онлајн „стапиците“.
22 април | Инфоден број 2 –Индивидуална консултативна сесија за вашата Креативна Европа МЕДИА апликација
Индивидуалната сесија е наменета за кандидати кои веќе го имаат започнато процесот на аплицирање и кои сакаат да ги поднесат своите апликации заклучно со роковите за 2023 година, односно 26ти април за Развој на европски копродукциски проект и 1ви јуни за Европски развој на мали групни проекти.
Времетраењето на една сесија е 45 минути. Бројот на консултации е ограничен. Работен јазик: англиски и хрватски.
Пријавување за индивидуалните консултации на следниот линк, најдоцна до 19 април.
Биографија на предавачот
Mартина Петрович има високо образование во областа на меѓународните односи и психологијата. Поголемиот дел од своето работно искуство го има стекнато работејќи во Оделот за меѓународна културна соработка при Министерството за култура на Р. Хрватска, каде била одговорна за меѓународни културни размени вклучувајќи ги и националните филмски претставувања на фестивалите во Кан и Берлин. Од 2008 година е активно вклучена во основањето на Хрватскиот аудиовизуелен центар, во кој и понатаму работи и после нејзиното именување за раководител на МЕДИА Деск Хрватска од страна на Европската Комисија. Врз основа на успешните резултати во обезбедувањето на средства од програмата МЕДИА, како и целокупниот придонес во промоцијата на хрватскиот филм, Хрватското здружение на продуценти во 2010та година ѝ ја доделува првата награда „Алберт Капович“ во рамки на Филмскиот фестивал во Загреб. Како раководител на МЕДИА Деск Хрватска активно учествува во организирањето на иновативни и креативни работилници споделувајќи важни алатки за надоградување и вмрежување, како за хрватските, така и за европските филмски професионалци.
Панел дискусија „Киното денес: создавање и едукација на нова публика“ во склоп на 40 то издание на филмскиот фестивал „Златна роза“ во Варна, Бугарија
Ивана Мирчевска од Креативна МЕДИА Деск МК е учесник на панелот
„Киното денес: создавање и едукација на нова публика“ кој се одржува
на 27 септември во склоп на 40 то издание на филмскиот фестивал
„Златна роза“ во Варна, Бугарија
На иницијатива на Креативна Европа Деск- Канцеларија МЕДИА Бугарија, во склоп на 40 то издание на филмскиот фестивал „Златна роза“ во Варна, Бугарија, на 27 септември ќе се одржи панел дискусија „Киното денес: создавање и едукација на нова публика“.
Панел дискусијата во фокус ја става потребата од обрнување особено внимание на не-традиционалните форми на филмска едукација, како и нивните соодветни примери. Дополнително, ќе се разгледува прашањето за позицијата на кино салите и училиштата во целокупниот ланец на аудиовизуелната индустрија, како и капацитетот кој Потпргограмата МЕДИА го нуди за стимулирање на развој на слични активности и проекти.
Како досегнуваме до нова публика, особено онаа младата? Која е улогата на киното во градењето на критички гледачи и филмофили? Со кои предизвици се среќаваат традиционалните кино сали во однос на дигиталната средина?
На панел дискусијата ќе бидат презентирани успешни практики и проекти од регионот остварени со помош на програмата МЕДИА.
Учесници:
- Ана Касимати – Креативна Европа МЕДИА Деск –Грција
- Ивана Мирчевска – Креативна Европа МЕДИА Деск – Северна Македонија
- Камен Балкански – Креативна Европа МЕДИА Деск МЕДИА – Бугарија
- Мартина Петрович – Креативна Европа МЕДИА Деск МЕДИА – Хрватска
- Мира Сталева – Проект „Кино Резонанс“ – Дом на киното, Софија
- Ралица Асенова – Здружение “Арте Урбана Колектив” – CinEd – Европско кинообразование за деца и младинци
- Христо Христозов – Дом на киното – Софија
МакеКоПроДокс Форум 4то издание
Дата: 22-23 август 2022
Локација: кино „Фросина“ ЈУ Младински културен центар, Скопје
МакеКоПроДокс е форум чијашто главна цел е развој на стратешки план за зголемување на копродукциите на документарните филмови меѓу балканските земји.
Четвртото издание на МакеКоПроДокс има за цел да воспостави нов здружен сектор на Балканот кои ќе ги лоцира последиците и проблемите со кои регионалните земји редовно се соочуваат поради кризата и ќе понуди можни начини за нејзино надминување, потенцирајќи ги нехармонизираните регулативи поврзани со поддршка на развојот и продукцијата на документарните филмови.
Форумот вклучува претставници од 12 регионални филмски агенции, документарни здруженија, документарни професионалци и 10 проекти во различни фази на продукција избрани преку отворен повик.
Во рамки на форумот, на 22 август во 14ч, ќе биде одржана отворена сесија за можностите и условите кои програмата Креативна Европа МЕДИА ги нуди за ко-продукции и развој на документарни проекти, предводена од Ивана Мирчевска, асистент во Канцеларијата Креативна Европа МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Модератори:
Бригид О’Шеа (соосновач на Европското здружение за документаристика)
Хеле Хансен (Комисија за филмска документаристика- Норвешки филмски институт, Норвешка)
Форумот е организиран од: МакеДокс, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Креативна Европа МЕДИА Деск МК.
Информативна сесија за „Програмата Креативна Европа 2021 – 2027“ 29 март 2022 година, Кино Фросина (МКЦ)
Во организација на Агенцијата за филм и Министерството за култура на Република Северна Македонија, на 29 март 2022 година, со почеток во 11 часот, во киното „Фросина“ (ЈУ Младински културен центар во Скопје) ќе се одржи првата Информативна сесија за Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на Европската Унија.
Целта на настанот е да го претстави новиот програмски циклус на Програмата „Креативна Европа – Потпрограми: Култура и МЕДИА“ пред потенцијалните корисници на Програмата од културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, како и пред пошироката јавност. Во рамките на сесијата, присутните ќе имаат можност да се запознаат со приоритетите и целите на тековниот повик за аплицирање „Проекти за европска соработка“ (Потпрограма „Култура“) и новите повици за развој, промоција и дистрибуција на европскиот филм и аудиовизуелните индустрии (Потпрограма „МЕДИА“).
ПРОГРАМА
10:45 ч. Пријавување на учесниците
Прва сесија
11:00 ч. Презентација на „Креативна Европа 2021 – 2027 “
Билјана Прентоска, Министерство за култура – Одделение за Креативна Европа – Култура
11:10 ч. Потпрограма „Култура“ – Презентација на Повикот за европска соработка
Билјана Прентоска и Дејан Котевски, Тим на Креативна Европа – Култура
11:45 ч. Кафе-пауза
Втора сесија:
12:15 ч. Потпрограма „МЕДИА“ – Презентација на тековните повици
Ивана Мирчевска, Тим на Креативна Европа – Одделение за ЕУ и програма МЕДИА, Агенција за филм на Република Северна Македонија
12:45 ч. Прашања и одговори
13:00 ч. Индивидуални консултации
Ве молиме вашето присуство на настанот да го потврдите најдоцна до 28 март (12 часот), и тоа: за претставниците на културните и креативните сектори на следниве е-адреси: biljana.prentoska@ced.mk и dejan.kotevski@ced.mk, а за претставниците на аудиовизуелниот сектор на следнава е-адреса: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
Следува: MAKECOPRODOX 2020 - онлајн издание
Датуми: 5, 6, 21, 24, 25 август и 21 септември
Модератори:
Бригид О’Шеа (Европско здружение за документаристика и директорка на ДОК Индустри- ДОКЛајпциг)
Хеле Хансен (Комисија за филмска документаристика- Норвешки филмски институт, Норвешка)
МакеКоПроДокс Форумот е форум чија главна цел е развој на стратешки план за зголемување на копродукциите на документарните филмови меѓу балканските земји. Форумот вклучува претставници од 12 регионални филмски агенции, 3 скандинавски филмски агенции и 10 проекти кои се во завршната фаза на продукција.
Во пресрет на економската криза, културниот сектор и филмската индустрија се најчесто најпогодени од кратењето на буџетот. Само доколку се делува солидарно преку зголемување на регионалните копродукции ќе се овозможи поголем број на финансирани проекти на Балканот во склоп на редуцираните фондови. Поради владините мерки за ситуацијата со КОВИД-19, второто издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи онлајн.
На 24.08.2020 (понеделник) од 10.30 до 12.00 часот ќе се одржи отворена сесија предводена од Ене Размусен, директорка на МЕДИА Деск од Данска на тема „Стратегии за ко-продукции: дански успешни проекти“ . На сесијата ќе учествуваaт двајца дански продуценти кои ќе ги споделат своите искуства со публиката.
Форумот е организиран од: МакеДокс, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Креативна Европа МЕДИА Деск МК
МЕДИА Деск МК дел од вебинар во рамки на Филозофскиот филмски фестивал
Вебинар на темa: ТОЧКИ НА ГЛЕДАЊЕ: КОВИД-19 И СОСТОЈБИТЕ ВО ФИЛМСКИОТ СЕКТОР ВО С. МАКЕДОНИЈА
Датум: 27 мај (среда)
Час: 11.30 часот
На покана на Филозофскиот Филмски Фестивал, Бистра Георгиева раководител на МЕДИА Деск МК ќе учествува на првиот вебинар кој ќе се обиде да отвори дијалог за состојбите во филмскиот сектор, да понуди простор за размена на идеи и искуства и да отвори перспективи за солидарни соработки во земјата за време на ковид кризата.
На вебинарот ќе учествуваат: Анита Стојческа-Агенција за филм · Игор Иванов (режисер, ДФРМ/ Манаки) · Владимир Љ. Ангелов (Кинотека) · Саша Станишиќ (Катавеј/ Cinesquare) · Стефан Палитов (режисер) · Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал) · Дарко Набаков (МакеДокс) · Атанас Георгиев (продуцент) · Русе Арсов (МКЦ/Синедејс)
Модератор: Ана Дишлиеска Митова
Вебинарот е првенствено наменет за членовите на филмскиот сектор во земјата, како и за медиумите заинтересирани за темата. Ако сте заинтересирани за учество, регистрирајте се на FB -настанот или на contact@philosophicalfilmfestival.mk само со ваше име и презиме и името на вашата компанија/организација. Потврда за присуство со Zoom линк за вебинарот ќе ви биде испратен по мејл најдоцна два дена пред настанот.
Онлајн собата за вебинарот има капацитет од 100 места и присутните ќе може да се вклучат со прашања за гостите.
Ве очекуваме,
Тим МЕДИА Деск МК
Како се евалуираат проектите на МЕДИА? со Маша Маркович-експерт од МЕДИА
Креативна Европа МЕДИА Деск МК во рамките на „Златна рамка 2020“ на 15-ти февруари (сабота) во 11.30 часот во МКЦ ќе организира:
- Oтворена презентација и средба со Маша Марковиќ- експерт за евалуација на проектите аплицирани на повикот за „Развој на проект“ на програмата Креативна Европа МЕДИА. Целта на оваа презентација е македонските филмски професионалци да се запознаат со процесот на евалуација и начинот на оценување за овој повик за кој има најголем интерес во Македонија. Презентацијата е отворена за јавност и ќе се одвива на англиски јазик.
- Индивидуални консултации со Маша Марковиќ за продуценти кои сакаат да аплицираат во вториот рок на повикот за „Развој на проект“ (12/05/20) како и на повикот за „Филмски Фестивали“. Пријавување за индивидуални консултации на: media@ced.mk најдоцна до 11.02.2020 *(оние кои ќе се пријават на индивидуални консултации задолжително е да присуствуваат на отворената презентација)
Ве очекуваме,
МЕДИА Деск МК
Отворен ден за Креативна Европа Култура и МЕДИА на Синедејс 2019
Креативна Европа Култура и МЕДИА Деск МК во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс 2019“ на 08.11.2019 (петок) во 12.00 часот во МКЦ, ве покануваат на отворени презентации:
- „10 најчести прашања и одговори“ – поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање и можностите за учество на тренинг програми
- „European film challenge 2020” – промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонската партнерска организација „Блинк 42/21“
- „Проекти за соработка- Креативна Европа Култура“
- „Примери на добра пракса“– потпрограма Култура
Настанот е отворен за јавност и покрај директни претставници на аудиовизуелниот сектор и култура, ги покануваме и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми да присуствуваат за да се запознаат со сите потенцијални можности на Креативна Европа.
Креативна Европа: МЕДИА и Култура на ОДА- TIFF
Креативна Европа пот-програма МЕДИА и Култура ќе имаат заедничка отворена презентација за време на Интернационалниот филмски фестивал во Тетово- ОДА
Датум и место: 9.10.2019 (среда) во Центар за култура Тетово
Час: 11.00
- МЕДИА: отворени повици, отворени можности – презентација на Бистра Георгиева, раководител на МЕДИА Деск МК
- European film challenge 2020 во Северна Македонија – промоција на проект поддржан од МЕДИА –Блинк 42/21
- Култура: проекти за соработка – презентација на Билјана Прентоска, раководител на Канцеларија за Креативна Европа-Култура
Предавање и работилница: Маркетинг на филм (2-3 октомври)
со Матијас Ношис – „Алфапанда“ (Alphapanda).
Пријавување за учество на предавањето (отворено за публика)
Пријавите ги испраќате на е-мејл адресата media@ced.mk со назнака (subject): Пријава маректинг во филм.
Влезот е слободен но, заради ограничен број места ве молиме да го потврдите вашето учество до 27.09.2019 (петок)
*пријавување за затворениот дел -работилницата заврши и селектираните кандидати се известени
Креативна Европа МЕДИА Деск МК организира дводневна работилница специјално наменета и адаптирана за македонските филмски професионалци за нивно усовршување во областа на филмскиот маркетинг. За таа цел, ги повикуваме заинтересираните продуценти, режисери, дистрибутери, кино прикажувачи да се пријават на интензивната програма во областа на филмскиот маркетинг предводена од Матијас Ношис (Mathias Noschis) основач на агенцијата Алфапанда (Alphapanda). Работилницата ќе ги опфати сите главни аспекти на маркетинг во филмот со фокус на маркетинг стратегии за независни филмови, како и практични совети за апликацијата на МЕДИА во делот кој се однесува на маркетинг стратегија. Учесниците преку практични вежби ќе ги применат научените техники на филмска премиера, а дополнително ќе можат да закажат индивидуални консултации со Матијас Ношис со цел подобрување на маркетинг стратегијата на конкретен проект. Предавањето и работилницата ќе се одржат од 2-ри до 3-ти октомври 2019 и ќе се одвива на англиски јазик.
Матијас Ношис е експерт за маркетинг стратегии на филм. Тој е основач на Алфапанда, маркетинг агенција за филм која има свои канцеларии во Берлин, Варшава и Женева. Клиенти на Алфапанда се 20th Century Fox, Warner Bros., the European Film Awards како и повеќе независни продуценти, дистрибутери и продажни агенти. Дел од проектите кои ги работел Матијас Ношис се: The Orphanage (Cannes ’19), A Colony (Berlinale ’19), Another Day of Life (Cannes ’18), Touch Me Not (Berlinale ’18 Golden Bear), God’s Own Country (Sundance ’17), документарците Lemebel (Berlinale ’19), Hamada (IDFA ’18), Heartbound (TIFF ’18) како и американските филмови “The Favourite”, “Isle of Dogs” (Berlinale ’18) и Shape of Water. Матијас Ношис работи и како консултант за Креативна Европа МЕДИА, маркетинг експерт и тутор на Ace Producers, Locarno Industry Academy, Dok.Incubator и IFFR Lab.
MakeCoProDox 2019
25-27 август 2019
Фестивалот на креативен документарен филм Македокс, Агеницјата за филм на Северна Македонија и МЕДИА Деск МК го организираа првиот форум за копродукции во регионот MakeCoProDox. Потребата да се прошират можностите за ко-продукциите во документарниот филм го зголемува и неговиот простор за промоција. На форумот се сретнaа претставници на регионалните филмски фондови како и претставници од фондовите на Норвешка, Шведска и Данска, а се разговараше за постоечките регулативи, потреба од нивна промена и адаптација со цел поголема соработка меѓу земјите. Бистра Георгиева раководител на МЕДИА Деск МК на форумот ги сподели пред продуцентите од регионот можностите на програмата МЕДИА за финансиска поддршка на документарниот филм и важноста на ко-продукциите во евалуацијата на проектите.
Модератор на Форумот:
Ден 1 ― 25.08. недела Oтворено за сите филмски професионалци
11:00-13:00 – Презентација на регионалните фондови за финансирање на документарен филм + Q&A ( Albanian Center of Cinematography, Kosova Cinematography Center, Film Center of Montenegro, and North Macedonian Film Agency)
Case studies: како да направите интернационален филм
13:30-14:15 – Martička Božilova (BG) – Balkan Documentary Center and Agitprop + Q&A
14:15-15:00 – Atanas Georgiev (MK) & Lauren Kushner – SFFILM Documentary Film Fund (USA) – Honeyland + Q&A
Ден 2 ― 26.08. понеделник Oтворено за сите филмски професионалци
11:00–12:00 – Презентација на Хрватскиот Аудиовизуелен Центар
Презентација: Креативна Европа МЕДИА и можностите за финансирање документарен филм
12:30–14:00 – Презентација на скандинавски фондови
Helle Hansen – Film Commissioner Documentary; Norwegian Film Institute
(Norway)
Lisa Nyed – Commissioning Editor Documentary film; Film I Skane (Sweden)
Soren Tarp – producer; Danish Film Institute (Denmark)
Case studies: можности за ко-продукции
14:15-15:00 – Mila Turajlič (SR) – The Other Side of Everything + Q&A
15:00-15:45 – Kenan Alyev – Current time TV + Q&A
16:00-16:45 – Hanka Kastelicová – HBO EUROPE + Q&A
Ден 3 ― 27.08. вторник Oтворено за сите филмски професионалци
Презентација на филмски фестивали и нивните програми
11:00-11:30 – CineDoc Tbilisi – Ileana Stanculescu
11:30-12:00 – Iceland Documentary Film Festival – Ingibjörg Halldórsdóttir
12:00-12:30 – Nipkow Program Berlin – scholarships for international media professionals – Martina Valentina Baumgartner
12:30-13:00 – FipaDoc Biarritz – Ann Georget
Тим МЕДИА Деск МК
Панел на Beach film festival 2019
Во соработка со Creative Europe Desk MEDIA MK на 20-ти јули во рамките на Beach film festival се одржa панел дискусија на тема: A woman is a woman – archetype of women character in European cinema. Панелот го модерираше професор Дина Јорданова и Наум Трајановски. Учесници:
Јудита Франковиќ Брдар- актерка (Хрватска), Сања Дракулич– актер (Хрватска), Моња Милинкович Јович– сценаристка (Србија), Наташа Петрович– актерка (С.Македонија), Елена Станишева – продуцент (С.Македонија), Беверли Лолеј- продуцент (Велика Британија), Мина Џукич-режисерка и сценаристка (Србија) и Бистра Георгиева- раководител на МЕДИА Деск МК
Конференција за регионални копродукции
20 јули 2018, Филмска Aкадемија во Охрид
Конференцијата на тема: „Важностa на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на успешни МЕДИА проекти од регионот“.
На настанот учествуваа претставници на Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора.
Инфо денови Креативна Европа, Јули 2018
Во текот на Јули 2018, Канцелариите за Креативна Европа (Култура и МЕДИА), во соработка со ЕУ Инфо Центарот, одржаа Инфо денови во Куманово, Битола, Тетово и Струмица.
МЕДИА Инфо ден, Подгорица, 11.12.2017
На 11.12.2017, во Подгорица се одржа МЕДИА Инфо Ден, организиран од страна на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Црна Гора, во соработка со Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Македонија. Фокус на настанот беше повикот за Развој на проекти, каде што како прв проект од Црна Гора кој доби поддршка за развој, беше претставен филмот „По зимата“ на режисерот Иван Бакрач, во продукција на Артикуација. Во рамките на настанот се одржа и предавање на тема „Филмот и телевизијата како креативни индустрии – значењето на филмскиот и телевизиски туризам“. На настанот присуствуваа претставници на црногорскиот аудиовизуелен сектор, како и студенти и професори на Факултетот за драмски уметности од Цетиње и Факултетот за визуелни уметности од Подгорица.
Учесници:
- Илија Суботиќ, Раководител на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Црна Гора
- Владимир Стојчевски, Раководител на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Македонија
- Сехад Чекиќ, Директор на Филмскиот Центар на Црна Гора
- Иван Ѓуровиќ, Директор на Продуцнектска куќа „Артикулација“
- Милош Џукелиќ, Директор на Продуцентската куќа „Ред Продакшн“
ЦИЕ Анимациски воркшоп
Анимациски воркшоп за проекти од Централна и Источна Европа
02-06 Декември 2017, Љубљана
Повеќе информации: http://ceeanimation.eu/
Конференција: „Креативна Европа – поттик за културна соработка“
Гости:
- м-р Роберт Алаѓозовски, министер за култура;
- Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје;
- Карел Бартак, раководител на Секторот за култура, Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија;
- Аделина Марку, Министерство за надворешни работи;
- д-р Виолета Симјановска, професор по културен менаџмент, Академија Сибелиус, Универзитет за уметности, Хелсинки, Финска;
- Весела Кондакова, Министерство за култура, Канцеларија за Креативна Европа – Култура, Бугарија;
- Димитрије Тадиќ, Министерство за култура и информирање, Канцеларија за Креативна Европа – Култура, Србија;
МЕДИА Инфо Ден, ЕУ Инфо Центар, 06.11.2017
На 6 Ноември 2017, во ЕУ Инфо Центарот, се одржа МЕДИА Инфо Сесија, со фокус на повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски Фестивали“.
Гостин на настанот беше Ева Бразџионите, Раководител на Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА од Литванија.
Регионален МЕДИА настан на Балкан Филм Маркет во Тирана
Презентација за Креативна Европа на „Македокс“ и „Струшки Вечери на Поезијата“
На 23 и 24 Август 2017, во рамките на на Фестивалот за Креативен Документарен филм „Македокс“ и фестивалот „Струшки Вечери на Поезијата“ се одржаа Јавни дискусии и презентации за Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
Учесници: Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка;Владимир Стојчевски од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Македонија; Билјана Прентоска од Канцеларија на Креативна Европа (Култура) на Република Македонија; Весела Кондакова од Канцеларија на Креативна Европа (Култура) на Република Бугарија; Претставници на организациите вклучени во платформата „Версополис“ поддржана од програмата „Креативна Европа – Култура“; Претставници на фестивалот „Македокс“.
МЕДИА Инфо ден и консултации 06.04.2017
На 6 април 2017, во рамките на Филозофскиот Филмски Фестивал, во Кинотеката на Македонија, се одржа презентација за потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, со фокус на повиците за Поединечен развој на проекти и Филмски Фестивали. Презентацијата беше проследена со индивидуални консултации за проектите кои што ќе аплицираат во априлскиот рок.
Гостинка на настанот беше Г-ѓата Мартина Петровиќ, Раководител на Канцеларијата за Кретивна Европа МЕДИА од Хрватска.
Работилница за сценарио со Мидпоинт
МЕДИА Презентација, Презентација на тренинг програмата Мидпоинт и Работилница за сценарио на Арне Колвајер во соработка со Мидпоинт.
Фестивал на Европски Филм „Синедејс“ – 14.11.2016
Инфо ден и Работилници за Креативна Европа 13-14.10.2016
Инфо ден и Работилници за Креативна Европа 13-14.10.2016 во соработка Сабина Бришки и Матеја Лазар од Канцеларијата на Креативна Европа Словенија и Џефри Браун од Консултантската куќа Еуклид од Велика Британија.