За програмата

Финансиска поддршка за европскиот филм и аудиовизуелните индустрии

За програмата

Добродојдовте во МЕДИА-потпрограма на Креативна Европа,

МЕДИА е програма на Европската Унија, која финансиски го поддржува европскиот филм и аудиовизуелните индустрии во развој, дистрибуција и промоција на делата. 

МЕДИА овозможува поддршка на европските филмски работници за развој на нови филмски проекти, наоѓање на партнери и ко-продукции со цел да се прошири маркетот надвор од националните и европските граници. 

Со оваа потпрограма се опфатени и кофинансирање на работилници за професионално усовршување на младите и афирмираните филмски работници, како ко-финансирање на новите технологии и платформи за дистрибуција на аудиовизуелни содржини.

Предлог буџетот на МЕДИА за 2021-2027 година изнесува 1.091 милјарда евра

Цели на потпрограмата МЕДИА

  • Посилен европски аудиовизуелен сектор, почитувајќи и прикажувајќи го европскиот културен идентитет и наследство
  • Зголемување на опсегот на европски аудиовизуелни дела во и надвор од Европската Унија
  • Зајакнување на конкурентноста на европскиот аудиовизуелен сектор, олеснувајќи го пристапот до финансирање и промовирајќи го користењето на дигиталните технологии

Секоја година МЕДИА поддржува:

  • Развој на околу 200 нови филмови и серии
  • Дистрибуција на повеќе од 400 филмови 
  • 1100 европски кина во 34 земји дел од европската мрежа на кино сали Europa Cinemas.  
  • 70 филмски фестивали

Северна Македонија и МЕДИА

Во МЕДИА, учествуваат 39 земји (целосна листа тука), со што се поттикнува културната разноликост и прекугранична соработка. Секоја земја има своја канцеларија која ја претставува програмата. Република Северна Македонија официјално пристапи во потпрограмата МЕДИА – Креативна Европа на 24 јули 2015 година. МЕДИА Деск МК  започна со работа од 1 април 2016 година, во рамкиите на Агенцијата за филм 

Што е целта на МЕДИА Деск МК? 

  • Информации и совети за финансиските можности и услови на МЕДИА
  • Помош за развој на проекти и подготовка на апликации
  • Поддршка за градење меѓународни партнерства
  • Новости за повици/конкурси
  • Организирање информативни и едукативни настани
  • Индивидуални консултации