23.01.2023 - Oтворени повици

Европски филмски фестивали

Линк до повикот:European Festivals (CREA-MEDIA-2023-FEST)

Поддршка наменета за индивидуални филмски и аудиовизуелни фестивали кои имаат богата програма со европски филмови и имаат за цел да ја зајакнат пристапноста и видливоста на европските аудиовизуелни дела до публиката.

 

Kој може да аплицира?

На повикот може да да пријават субјекти кои се:

  • регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела);
  • регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки програмата Креативна Европа, целата листа е достапна на следниот линк);
  • На повикот можат да аплицираат правни субјекти кои организираат филмски и аудиовизуелни фестивали во земјите кои учествуваат во Креативна Европа МЕДИА.
  • Да е филмски фестивал или фестивал на аудиовизуелни дела (во категоријата игран филм, анимација, документарени филмови, долгометражни, краткометражни);
Подобни филмски и аудиовизуелни фестивали се:
  • Кои имаат јасна кураторска, регулативна и селективна процедура, организираат филмски проекции достапни за широката јавност, како и обезбедуваат акредитации за интернационални филмски професионалци и новинари.
  • Кои во 50% од програмата вклучуваат европски филмови и аудиовизуелни дела од државите кои се дел од потпрограма Медиа, односно да има географска покриеност од најмалку 15 држави, вклучувајќи ги и оние со низок аудиовизуелен капацитет.
  • Да имаат остварено најмалку три изданија до декември 2022.
Поддршката е достапна за следните активности:

Европските фестивали со значителен дел на ненационалните европски аудиовизуелни дела во нивната програма, кои спроведуваат активности преку целата година наменети за проширување на публиката и имплементирање на иновативни активности за доближување до публиката, вклучувајќи и иницијативи за млада публика.

Фестивали кои соработуваат со други европски фестивали, развиваат иновативни активности за развој на филмска публика и едукација, и кои имаат специфична стратегија за одржливост, инклузија, разновидност и родова репрезентативност.

Тип на активности:

  • Активности за промоција и видливост на европски филмови, особено за филмски и аудиовизуелни дела кои доаѓаат од земјите со низок аудиовизуелен капацитет.
  • Активности посветени за развој на публика за време на фестивалот.
  • Активности спроведени во текот на целата година и/или децентрализација во други градови ( во соработка со помал фестивал од истата држaва или партнер фестивал од друга држава) и/или активности за развој на филмска култура и свест кои се однесуваат на секундарната публика на фестивалот.
  • Развој на соработки со европски фестивали (стратешко планирање, кураторство, техничка опрема, логистика и др.)
  • Презентираните активности да бидат имлементирани во текот на двете години.
Времетраење на проектот:

Времетраење на проектот е 24 месеци (можни се продолжувања, доколку е соодветно оправдано и преку измена) и мора да покрие две изданија на фестивалот.

*** Датумот на започнување ќе биде по потпишувањето на грантот. Ретроактивно започнување може да биде одобрено по исклучок од соодветно оправдани причини – но никогаш порано од датумот на поднесување на предлогот.

Износ на грант

Вкупниот износ определен за овој повик за 2023 е 10.000.000 евра.
Овој повик има за цел да поддржи 100 фестивали во Европа со две изданија.

Кофинансирање:
Износот на поддршка определен од проект е фиксен.
Износот на финансиска помош е во зависност од бројот на европски филмови во фестивалската програма за издание.

  • За филмски фестивали и фестивали на аудиовизуелни дела:
Број на европски филмови Фиксен грант
(од издание/година)
< 40 европски филмови €27,000
Помеѓу 40 и 60 европски филмови €35,000
Помеѓу 61 и 80 европски филмови €41,000
Помеѓу 81 и 100 европски филмови €46,000
Помеѓу 101 and 120 европски филмови €55,000
Помеѓу 121 and 200 европски филмови €63,000
>200 европски филмови €75,000
  • За фестивали на кратки филмови:
Број на кратки европски филмови Фиксен грант
(од издание/година)
< 150 кратки европски филмови €19,000
Помеѓу 150 и 250 кратки европски филмови €25,000
>250 кратки европски филмови €33,000
Следен повик

Следниот повик ќе биде објавен во 2025 година.

Поднесување на апликација

Пополнување
Новите апликанти мораат прво да обезбедат учеснички идентификациски код (Participant Identification Code (PIC)) преку регистрација на EU Login и да ги внесат информациите за нивната компанија на порталот на Европската Комисија Funding and Tenders Portal.

Структура на апликацијата:

  • Максимум 70 страници;
    (Придружните докуметни во додатокот не се сметаат во вкупниот број на страници)
  • Минимална големина на фонт Arial 9
  • Големина на страна А4
  • Маргини (горе, доле, лево, десно) најмалку 15мм

Придружни документи прикачени кон апликацијата

  • Lump sum calculator
  • Information on non-national programming
  • Declaration on ownership and control / declaration on ownership and control

Подетални информации за повикот Европски филмски фестивали, се достапни на следниот  линк.

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.

Е-пошта: media@ced.mk

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk