Поддршка за дистрибуција

Поддршка за дистрибуција

Со оваа поддршка се опфатени неколку облици на кофинансирање: Поддршка за селективна или автоматска дистрибуција, поддршка на продажни агенти, поддршка на кино мрежи и поддршка на on-line дистрибуција.

Автоматска поддршка (Distribution – Automatic Support)

Автоматската поддршка е врзана за потенцијални средства кои ќе им бидат доделени на европските дистрибуциски куќи, кои исполнуваат услови врз база на приходот од влезници остварен од европски ненационални филмови, кои ги дистрибуирале во референтната година.

Селективна поддршка (Distribution – Selective Support)

Со Селективната поддршка може да се покријат трошоците за промоција, изработка на копии од филмовите (вклучително и дигитални копии), синхронизација и титлување.

Поддршка за продажни агенти (Distribution – Support for Sales Agents)

За поддршка на Продажни агенти може да конкурираат европски компании кои потпишале договор со продуцентот на филм кој ќе го застапуваат, т.е ќе ги продаваат правата за прикажување на потецнијалните купувачи (дистрибутери) вон земјата од која доаѓа филмот и тоа во најмалку десет земји кои учествуваат во програмата МЕДИА.

Поддршка на кино мрежи (Networks of Cinemas)

За поддршка на кино мрежи може да конкурираат мрежи на европски кина.

Online дистрибуција (Online Distribution)

Програмата за Online дистрибуцијата дава поддршка за:

  • Акција 1. Европски ВОД (Video on Demand) услуги, чија цел е да ги подобри присутноста и видливоста на европските аудиовизуелни дела и да ја зголеми нивната публика на светско ниво.
  • Акција 2. Изработка и испорака на дигитален пакет кој је олеснува комерцијализацијата на европските аудиовизуелни дела по пат на ВОД услуги кои се пружаат во земји во кои тие дела не се достапни.
  • Акција 3. Поддршка на проекти со кои се експериментира со истовремено прикажување на европски филмови на различни дистрибуциски платформи (фестивали, кино сали, DVD, VOD, ТВ) и на различни европски подрачја.