Во рамките на 37-мото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 10 до 17 Септември 2016, активно учество ќе има Канцеларијата на Креативна Европа за потпрограмата МЕДИА. Имено, на 13 Септември ќе се одржи Инфо сесија на која што ќе бидe претставена потпрограмата МЕДИА. Веднаш потоа ќе следува предавање на нашата гостинка Грациела Билдесхеим од МАЈА Воркшоп, на тема „Режирање на проект: Продуцентската работа“. Следниот ден на 14 Септември, во периодот од 10.00 до 13.00 часот, предвиден е Отворен штанд на МЕДИА, на кој што сите заинтересирани преку индивидуални консултации ќе може да добијат подетални информации за можностите кои што ги нуди потпрограмата МЕДИА. По пристапувањето на Република Македонија во потпрограмата МЕДИА во јули минатата година, со нејзина поддршка се здоби годинешното 37. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
- 13.09.2016 / 11.30-12.00; Мала сала, Центар за култура Битола: МЕДИА Инфо Сесија
- 13.09.2016 / 12.00-13.00; Мала сала, Центар за култура Битола: Предавање на Грациела Билдесхеим од МАЈА Воркшоп во организација на МЕДИА Деск МК и Агенција за филм на РМ „Режирање на проект: Продуцентската работа“. Додека сите се согласуваме дека режисерот е кралот при снимањето на филмот, улогата на продуцентот во создавањето на услови за неговата реализација да биде можна, не секогаш е разбрана со сета нејзина комплексност. Предавањето има за цел да ја истражи повеќеслојната и фасцинантна реалност на работата на продуцентот во Европа денес.
- 14.09.2016 / 10.00-13.00; Народен театар Битола: МЕДИА Отворен штанд