Проектот на дистрибутерската и продуцентска куќа „Катавеј“ за нови дигитални форми на филмска дистрибуција на Балканот е еден од 10-те проекти, од вкупно 31 пријавени за онлајн дистрибуција, кои годинава добија поддршка од подпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“, специјализирана за развој, дистрибуција и промоција на филмот и аудиовизуелната дејност во Европа. Со тоа, „Катавеј онлајн и офлајн: нови дигитални форми за дистрибуција на филмот на Балканот“ е првиот ваков проект од Македонија кој добил финансиска помош од програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, која изнесува 58.000 евра. Проектот кој ќе се реализира во соработка со партнери од Албанија и Хрватска, е поддржан благодарение на евалуацијата на група надворешни експерти според пропозициите во повикот, а одлуката е донесена на база на квалитетот на проектот, позицијата во однос на другите пријавени проекти и расположливиот буџет.
09.11.2016 -
Новости