На 2 Октомври 2017, во рамките на Балканскиот Филмски Маркет, кој од 2 до 7 Октомври се одржува во Тирана, Албанија, се одржа Регионален МЕДИА настан, посветен на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа. На настанот учествуваа претставници на Канцелариите на МЕДИА од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Италија (Бари).
Настанот баше поделен на повеќе панел дискусии:
- „Предизвици на Канцелариите на МЕДИА од регионот“
- „Успешни МЕДИА приказни од Балканот“
- „Неуспешни МЕДИА приказни од Балканот“
- „Поддршка за ко-продукциски фондови на МЕДИА“ и
- „Балканските национални филмски центри и МЕДИА“