На 6 Ноември 2017, во ЕУ Инфо Центарот, со почеток во 10.00 часот ќе се одржи МЕДИА Инфо Сесија, со фокус на повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски Фестивали“.
МЕДИА Инфо Ден – Фокус на повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски Фестивали“ – ЕУ Инфо Центар, 06.11.2017, 10.00ч.
- 10:00 Регистрација и кафе за добредојде
- 10:30 Презентација за Креативна Европа – МЕДИА со фокус на: „Развој на поединечни проекти“ и „Филмски Фестивали“, Владимир Стојчевски, Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА, Македонија
- 11:15 Презентација на литванските искуства со Креативна Европа – МЕДИА, Ева Бразџионите, Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА, Литванија
- 12:00 Кафе пауза
- 12:30 Работна сесија: Совети за пополнување на апликацијата за „Развој на поединечни проекти“, Ева Бразџионите, Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА на Литванија
- 13:00 Прашања и одговори
Воедно Ве потсетуваме дека се објавени новите повици на МЕДИА за:
- „Развој на проекти“ (краен рок за пријавување на 23 Ноември 2017),
- „Филмски Фестивали“ (краен рок за пријавување на 23 Ноември 2017) и
- „ТВ Програмирање“ (краен рок за пријавување на 16 Ноември 2017).
Ги информираме сите кои се заинтересирани за некој од објавените повици, дека Канцеларијата за Кретивна Eвропа МЕДИА им стои на располагање за консултации во врска со процесот на аплицирање и изработката на апликациите. Закажување на кoнсултации на маил: vladimir.stojcevski@ced.mk