Од 2 до 6 декември 2017 година, Меѓународниот фестивал на анимиран филм „Аниматека“ во Љубљана, беше домаќин на динамичната работилница наменета за продуценти на анимирани филмови од Централна и Источна Европа. На работилницата учествуваа 26 професионалци од 19 земји, со цел да се изгради посилна и пообемна регионална мрежа на ко-продуценти, уметници, ТВ уредници, селс агенти и финансиски партнери.
Работилницата вклучуваше состаноци, дискусии и висококвалитетни обуки, со цел за да им овозможи и да ги инспирира компаниите од ЦИЕ да работат заедно со повеќе ресурси. Раководител на студиите за настанот беше Линда Бит.
Работилницата резултираше со Љубанската спогодба, заеднички формулирана и одобрена порака до сите финансиери и радиодифузери, барајќи повеќе подржувачки прописи и индустриски практики.
Оваа работилница беше иницијатива развиена и организирана од Канцелариите на Креативна Европа – МЕДИА од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Грузија, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Словачка, Словенија и Украина, во соработка со Мотовила Институт, Вишеград Анимацискиот Форум, платформа за поврзување на продуценти на анимирани филмови од регионот на ЦИЕ.
Главната цел на работилницата беше јакнење на анимациските компании и сектор, но и развојот на публиката за анимиран филм.
Повеќе информации можете да најдете на: http://ceeanimation.eu/