Реалноста режира, ние правиме филмови
Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“, во соработка со Канцеларијата „Креативна Европа“ – МЕДИА во Македонија, ја организира работилницата „Режирање реалност“ со наградуваната финска режисерка Пирјо Хонкасало. Со неа учесниците ќе можат не само да зборуваат, туку и да го видат умешното користење на документарниот јазик во нејзините филмови „Три соби на меланхолија“, „ИТО“ и „Бетонска ноќ“. Низ дискусии по проекциите, учесниците ќе дознаат како да се одберат темата и протагонистите и до каде досега етичката одговорност на режисерот кон нив, што е реалност и како да се пренесе.
Работилницата ќе се одржи на 17, 18 и 19-ти август, од 10 до 13.30 часот, во Музејот на современа умтеност-Скопје. Работилницата е бесплатна и е отворени за филмаџии во ограничен број. Пријавување за учество е до 15 август на: festival@makedox.mk (испратете име и презиме, професија и возраст и напишете како ова искуство би ви користело понатаму во животот).
Биографиja
Пирјо Хонкасало е призната и многупати наградувана режисерка и сценаристка на документарни филмови и е првата финска филмаџика која снимила игран филм. Нејзини се наградуваните филмови „Трилогија на светото и ѓаволското (Мистерион, Тањушка и Седумте ѓаволи и Атман)“ и неверојатно прекрасниот „Три соби на меланхолија“. Таа е членка на Американската филмска академија со над 30 ретроспективи низ целиот свет.