Дистрибутерската куќа „Катавеј“, трета година по ред доби поддршка од Креативна Европа МЕДИА на повикот за Онлајн дистрибуција, во висина од 180.000 евра. Нивниот проект „Cinesquare VOD Platform“ е еден од 30-те селектирани, од вкупно 85 пријавени проекти, кои годинава добија поддршка од подпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“.