05.04.2019 - Новости

Тренинг програма: отворено пријавување

Креативна Европа МЕДИА Деск МК со посебно задоволство ви ја најавува интензивната тренинг програма предводена од Брајан Мекгил „Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса“ која ќе се одржи на 23. и 24. април 2019, во соработка со Агенцијата за филм на Република Северна Македонија во рамките на 22. Скопски филмски фестивал.

Тренинг програмата има за цел да ги обучи и подготви македонските продуценти, режисери и сценаристи како најдобро да го пичираат (pitiching) својот проект. Учеството на тренингот ќе придонесе да се стекнете со конкретни вештини и знаења за пичинг, а ќе имате прилика и да го пичирате вашиот проект пред интернационалниот експерт Брајан Мекгил кој ќе даде свои совети и препораки за секој проект поединечно.

Брајан Мекгил е шкотски сценарист, консултант и професор кој повеќе од 25 години пишува ТВ серии за британска и француска телевизија, меѓу кои и за наградуваната серија Taggart (https://www.imdb.com/title/tt0088621/?ref_=ttfc_fc_tt).  Мекгил работи како скрипт доктор, бил тутор за пичинзи на програмата ENGAGE – поддржана од Креативна Европа МЕДИА и  читач на сценарија во Ирскиот филмски совет. Во својата кариера Брајан Мекгил има добиено награда од Сер Шон Конери, соработувал со продуцентите на филмот Seven и предава сценарио и пичинг на Screen Academy Schotland,  Örebro University, Шведска и European Film College – Данска.

Оваа интензивна тренинг програма ќе ги зголеми капацитетите на македонските филмски продуценти, режисери и сценаристи за идно успешно претставување на своите проекти на:  ко-продукциските форуми, филмски маркети, пичинг сесии и сл.

Тренинг програмата е бесплатна и ќе се одвива целосно на англиски јазик.

Програма е поделена во два дела:

Вторник, 23-ти април 2019

  • Предавање на теми: „Зошто е важно да имате добар пичинг“, „Како да го подготвите вашиот проект за пичинг“, „Што да потенцирате, а што да игнорирате кога пичирате проект“

Пријавувањето е отворено за млади и искусни, продуценти, режисери, сценаристи, студенти и сите заинтересирани кои сакаат да се стекнат со практични знаења од оваа област.

 

Среда, 24-ти април 2019

  • Пичинг сесија –  практични вежби за тимовите на пријавените проекти во развој

Наменет за:

  • продуценти, режисери и сценаристи на долгометражен филм во развој
  • продуценти, режисери и сценаристи кои во моментов имаат активни апликации за долгометражен филм во развој на првиот рок на „Конкурсот за поддршка на производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм“ објавен од страна на Агенцијата за Филм на Република Северна Македонија на ден 23.01.2019.

 

Пријавување за учество на тренингот:

Краен рок за пријавување е до 10. април 2019.

 

→ За учество на тренингот (без проект во развој) потребно е да испратите:

  • име и презиме
  • краток опис со што се занимавате и зошто ви е важно да учествувате (на македонски јазик)

*учесниците без проект исто така ќе можат да ја следат и пичиниг сесијата вториот ден

 

→ За учество на пичинг сесијата со проект во развој потребно е да испратите:

  • име и презиме
  • за проектот: работен наслов, продуцент, режисер и сценарист (на англиски јазик)
  • синопсис на проектот (на англиски јазик)

Синопсисите ќе бидат препратени на Брајан Мекгил со единствена цел негова претходна подготвка за пичинг сесиите како и можност да даде поконкретни и корисни забелешки за поединечни проекти. Секој тим кој ќе пријави проект ќе може да учествува на пичинг сесијата. За доверливоста на испратените синопсиси и нивната единствена употреба за горенаведените цели гарантира МЕДИА Деск МК.

 

Пријавите ги испраќате на е-мејл адресата media@ced.mk со назнака (subject): Тренинг програма.

Само оние кои ќе се пријават во предвидениот рок ќе може да учестуваат на програмата.

 

Учеството на оваа тренинг програма е од особена важност, пособено заради фактот што ќе имате прилика бесплатно да го презентирате својот проект пред исклучително значаен експерт од оваа област кој ќе ви даде забелешки и насоки за подобрување на вашите проекти.

Од името на МЕДИА Деск МК ве охрабрувам да се пријавите и да ја искористите можноста да бидете дел од овој тренинг.

 

Со почит,

Бистра Георгиева

Раководител на Креативна Европа МЕДИА Деск МК