Двата македонски филма „Господ постои името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Митевска и „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се номинирани за LUX Prize 2019 награда за филм на Европскиот Парламент. Официјалната селекција беше објавена на 30 јуни 2019 на 54-от филмски фестивал Карлови Вари. Селекцијата е направена од дваесет и еден филмски професионалец и претставува избор на филмови кои зборуваат за значајни општествено-политички теми
Официјална селекција LUX Prize 2019
Clergy – Wojciech Smarzowski (Poland)
Cold Case Hammarskjöld – Mads Brügger (Denmark/Norway/Sweden/Belgium)
God Exists, Her Name Is Petrunija – Teona Strugar Mitevska (North Macedonia/Belgium/Slovenia/Croatia/France)
Her Job – Nikos Labôt (Greece/France/Serbia)
Honeyland – Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov (North Macedonia)
Invisibles – Louis-Julien Petit (France)
Ray & Liz – Richard Billingham (UK)
System Crasher – Nora Fingscheidt (Germany)
The Man Who Surprised Everyone – Natasha Merkulova, Aleksey Chupov (Russia/Estonia/France)
The Realm – Rodrigo Sorogoyen (Spain/France)
Овогодишната селекција на филмови вклучува 4 жени режисери, два документарни филма, додека пола од филмовите се европски ко-продукции.
3 филма од 10-те во официјалната селекција, ќе бидат дел од LUX PRIZE Competition, ќе се преведат на 24 официјални јазици на Европската Унија и ќе се прикажат во 28 ЕУ земји за време на LUX Film Days.
Креативна Европа МЕДИА е партнер на LUX Film Prize.