Euro Connection е европски ко-продукциски форум на кратки филмови што секоја година се одржува за време на филмскиот маркет Клермон-Феран во Франција и во чиј фоукс е единствено краткиот филм. Следното издание ќе се одржи на 4 и 5 февруари 2020. Од оваа година и продуцентите од Северна Македонија може да аплицираат за учество преку националниот партнер МЕДИА Деск МК.
Секоја година во програмата учествуваат 13 селектирани проекти. Продуцентите на проектите ќе имаат прилика да бидат дел од работилница за пичиниг, пичинг сесии како и да се претстават пред 150 професионалци од филмската индустрија, да се сретнат со потенцијални ко-продуценти и да одржат индивидуални консултации.
За селектираните продуценти, организаторот покрива сместување, акредитација за филмскиот саем во Клермон-Феран, како и рефундирање на дел од патните трошоци.
*Авторите/режисерите се добредојдени да се приклучат на програмата во заедничко сместување со продуцентите. За нив исто така ќе биде обезбедена акредитација и пристап до сите програми на маркетот.
Услови за пријавување:
Проектите мора да бидат од следниве земји: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Северна Македонија, Словачка, Словенија, Србија, Шведска, Велика Британија.
Проектот треба да ги исполнува следните критериуми:
- проектот мора да биде краткометражен филм (анимиран, игран, креативен документарен) максимално времетраење до 40 минути
- проектот мора да има осигурано еден дел финансиски средства од земјата од која доаѓа
- проектот треба да има потенцијал за ко-продукција или да биде наменет за меѓународна ко-продукција
- продукција или снимање не смее да започне пред јуни 2020 година
- продуцентот кој ќе биде селектиран се обврзува лично да учествува на Euro Connection
Националниот партнер во секоја земја е задолжен да ги собере и провери апликациите, да формира стручна комисија за номинација на еден до два проекти. Сите апликанти ќе бидат известени за номинираните проекти по 20-ти октомври. Продуцентите на одбраните проекти се обврзуваат 7 дена по објавата да достават пријава на англиски јазик. Европско жири ќе одбере најмногу 13 проекти, а сите финалист ќе бидат известени за листата на одбрани проекти до крајот на ноември 2019-та година.
Како се аплицира:
Апликацијата треба да се испрати во pdf file заедно со сите дополнителни документи кои се наведени.
Апликација: Call_20for_20Projects_20-_20Euro_20Connection_202020
*нецелосна апликација или проект кој не ги исполнува условите нема да биде евалуиран.
Ве молиме испратете ја вашата апликација електронски на: bistra.georgieva@ced.mk
Рок за пријавување: 20/10/2019
Повеќе информации во МЕДИА Деск МК или на bistra.georgieva@ced.mk
Дополнителни информации: