На 27-ми ноември 2019-та во Стразбур беше прогласувањето на LUX Prize 2019 награда за филм на Европскиот Парламент.
Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ кој е поддржан од програмата Креативна Европа МЕДИА ја освои оваа престижна награда.
Филмот ќе биде достапен за лица со попреченост на вид, слух и говор и ќе биде активно промовиран од Европскиот Парламент.
Прогласувањето на победникот и говорот на режисерката Теона Митевска можете да го гледате тука.
Тимот на МЕДИА Деск МК се радува за овој успех и ја честита наградата на екипата на филмот