Вкупно 353,873 евра во 2019-та година добија македонски проекти кои аплицираа на програмата Креативна Европа МЕДИА. Проектите кои добија поддршка се аплицирани на следниве повици: Филмски фестивали, Онлајн и автоматска дистрибуција и Онлајн промоција на аудиовизуелни дела.
Македонски проекти со поддршка од програмата Креативна Европа МЕДИА во 2019
1 | Повик: поддршка за фестивали | |||
Име на фестивал | Вид на фестивал | Година | Износ | |
1.1. | „ИФФК Браќа Манаки” | Интернационален фестивал на филмска камера | 2019 | 35.000 евра |
1.2 | „Македокс” | Фестивал на креативен документарен филм | 2019 | 27.000 евра |
Вкупно | 62.000 евра | |||
2 | Повик: промоција на европските аудиовизуелни дела онлајн | |||
Име на проект | Име на организација | Година | Износ | |
2.1 | Синесквер | Компанија за филмска продукција и дистрибуција Катавеј | 2019 | 270.000 евра |
2.2. | Европски филмски предизвик 19/20 | Блинк 42-21* (партнер организација) | 2019 | 14.788 евра |
Вкупно | 284.788 евра | |||
3 | Повик: автоматска дистрибуција | |||
Generation and reinvestment | Компанија за филмска продукција и дистрибуција Катавеј | 2019 | 7.079 евра | |
Вкупно | 7.079 евра | |||
Вкупна поддршка во 2019 | ||||
353.867 евра |
Анализа на македонски проекти кои аплицирале и резултати за 2019 година
- На повикот за „Автоматска дистрибуција“ (Distribution Automatic Support 2018) аплицирани се 3 проекти, од кој еден добил поддршка. Сите резултати тука.
- На повикот „Пристап до маркети“ (Access to Markets 2019) аплициран е еден проект кој не добил поддршка. Сите резултати тука.
- На повикот „Развој на проект“ (Support for Development of Audiovisual Content – Single Project 2019 – EACEA/22/2018) аплицирани се два проекти, од кој ниту еден не добил поддршка. Сите резултати тука.
- На повикот „Промоција на европските аудиовизуелни дела онлајн“ (Promotion of European audiovisual works Online – Call EACEA/30/2018) аплицирал еден проект кој добил поддршка. Сите резултати тука.
- На повикот „Филмски фестивали прв рок“ ( Support for Film Festivals – deadline 1) аплицирале два фестивала и двата добија поддршка. Сите резултати тука.
- На повикот „Филмски фестивали втор рок“ (Support for Film Festivals – deadline 2) аплицирале два фестивала и двата не добија поддршка. Сите резултати тука.
- На повикот „Развој на проект“ (Development of Audiovisual Content – Single Project 2019 – Call EACEA/22/2018 -2nd deadline of 24/04/2019) аплицирани се седум проекти. Еден анимиран проект, два документарни проекти и четири играни проекти, од кој ниту еден не добил поддршка. Сите резултати тука.
Македонски филмски професионалци со учество на тренинг програми поддржани од МЕДИА
Повеќе македонски професионалци од аудио-визуелниот сектор учествуваа на следниве тренинг програми поддржани од МЕДИА: Torinо Film Lab, Less Is More, East Silver-Ji.hvala, BelDocs Academy, MFI Script 2 Film, BDC Discovery, Erich Pommer Institute Business Development for Success, European Short Pitch (извор: Агенција за Филм на Република Северна Македонија и МЕДИА Деск МК)
Активности на МЕДИА Деск МК во 2019-та година
МЕДИА Деск МК во 2019-та година организираше тренинг програми за „Маркетинг во филм“ и „Умешноста на пичингот“ и беше ко-организатор на првиот форум за ко-продукции во документарниот филм „MakeCoProdox“. Со своја програма, информативни сесии и панели беше дел од „Златна рамка“, „Скопски филмски фестивал“ „Beach film festival”, Media Innovation Forum, „Браќа Манаки“, „ОДА Тетово“ и „Синедејс“. Македонија во 2019-та преку МЕДИА Деск МК стана дел од најголемиoт европски форум за ко-продукција на краток филм Euro Connection.
МЕДИА Деск МК продолжува со своите активности во 2020 година, како и до сега, отворени сме за консултации поврзани со тековните повици, можности за интернационални партнерства и совети за тренинзи и работилници.
Среќни празници,
Тим МЕДИА Деск МК