На 5-ти и 6-ти февруари 2020 година во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – European House ќе се одржи дводневен семинар „Поддршка на Европската Унија за културна соработка на Западен Балкан: Семинар за промоција и вмрежување“
Настанот е организиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија (Канцеларијата на Креативна Европа – потпрограма Култура) во соработка со Европската Комисија (Генерален Директорат ЕАК), Делегацијата на Европската Комисија во Скопје, Канцелариите на Креативна Европа и претставници на културниот сектор од релевантните држави на Западен Балкан: Република Албанија, Република Босна и Херцеговина, Косово, Република Србија, Република Црна Гора и соседните земји на овој регион , членки на Европската Унија: Република Грција, Република Бугарија,Република Словенија и Република Хрватска. Главниот фокус на настанот е Јавниот повик – проекти за културна соработка на Западен Балкан од Програмата Креативна Европа“ со акцент на комплексните регионални и европски културни политики како и градење на капацитетите.
Пријавување за учество најдоцна до 3-ти февруари 2020 на следната електронска адреса: dejan.kotevski@ced.mk ( со нагласување за вашето учество на еден или двата дена)
Во продолжение преземете ги поканата и програмата за настанот:
Покана Семинар Креативна Европа Повик Западен Балкан 5-6 фев
Програма Семинар Креативна Европа повик Западен Балкан 5-6 фев