25.03.2020 - Uncategorized

Известување во врска со COVID-19

Почитувани колеги,

„Извршната агенција за образование, култура и аудиовизулени политики на ЕУ“ (EACEA) објави известување во врска со спроведување на активностите на проектите поддржани од Програмата Креативна Европа во контекст на појава на корона вирус (COVID-19).

Во продолжение еден дел од известувањето:

– EACEA ве упатува да ги следите националните препораки
– EACEA посочува дека сите договори содржат клаузула за „виша сила“ што може да се користи во случаи на намалена подвижност, ако тоа е директна последица на дејствија преземени од надлежните национални органи
– Примената на правилата за „виша сила“ ќе бидат анализирани „од случај до случај“ од страна на EACEA

Сите известувања:

Известување 06.03.2020

-Известување 25.03.2020

Во контекст на ова известување, МЕДИА Деск МК е на располагање за сите дополнителни прашања и информации.
Истовремено, ве информираме дека заради моменталната ситуација со корона вирусот консултациите ќе бидат преку e-mail или телефон во истото работно време.

Посакуваме разум, трпение и здравје за сите.

Со почит,
Тим МЕДИА Деск МК