Marché du Film 2020 ќе се одржи од понеделник 22 до петок 26 јуни и ќе понуди сосема ново искуство за сите филмски професионалци (продуценти, дистрибутери, агенти за продажба) преку онлајн проекции, настани и состаноци во живо.
Можноста да се биде дел од овој маркет, на кој се договараат многу ко-продукции, дистрибуции и меѓународна продажба на филмови, дефинитивно треба да се искористи со оглед на тоа што заради сегашната состојба произлезена од пандемијата оваа година не мора да инвестирате во патување и сместување.
Акредитации: 95 евра (до 29-ти мај) Линк за онлајн акредитации
Онлајн филмскиот маркет Marché du Film ќе понуди:
- Виртуелни штандови и павилјони
- Онлајн проекции на филмови и проекти во 15 виртуелни кино-сали
- Присуство на конференции и програми ( Producers Network, Goes to Cannes, Cannes Next, Meet the Streamers, Frontières and Fantastic 7)
- Состаноци со професионалци од целиот свет преку апликацијата Match&Meet
Сите дополнителни информации може да ги најдете тука.