16.06.2020 - Новости

МЕДИА на Канскиот маркет 2020

МЕДИА оваа година ќе биде дел од онлајн изданието на канскиот филмски маркет 

Покрај виртуелниот павилјон, можноста да закажете состанок со претставниците на МЕДИА и поддржаните филмови кои ќе се прикажат во официјалната селекција на овогодишниот Кански филмски фестивал, МЕДИА организира и онлајн предавања кои може да ги следат и оние кои не се акредитирани на маркетот.

ОНЛАЈН предавања

Од 23-ти до 26-ти јуни со почеток во 17 часот МЕДИА организира предавања на различни теми со професионалци од филмската индустрија.

Распоред:

Вторник, 23-ти јуни – 17 часот

„Социјално дистанцирани, дигитално блиски: филмските фестивали и маркети за време на корона вирусот и потоа“

Среда, 24-ти јуни – 17 часот

„Прикажување филмови во време на пандемија“

Четврток, 25-ти јуни – 17 часот

„Ковид-19 фестивалски премиери“

 

Петок, 26-ти Јуни – 17 часот

„Пристап до финансирање- предизвиците со кои се соочени жените во филмскиот сектор по глобалната пандемија“

 

Повеќе информации како да ги следите овие настани може да најдете тука.