Од 22-26 јули, 2020 ќе се одржи третото по ред издание на „Beach Film Festival 2020“ на плажата св.Стефан во Охрид.
Според протоколот за одржување на настани, на влезот се држи просторна дистанца од 2м, ќе се мери температура, задолжително е носење на маски, дезинфекција на рацете и забрането е поместување на седиштата.
Жирито во состав Наташа Петровиќ – актерка, Вардан Тозија – режисер и Елена Станишева – продуцентка, ќе одлучува за најдобрите филмови и ќе ги додели наградите за најдобар долгометражен филм, најдобар краткометражен филм и најдобар студентски филм.
Beach film festival со својата програма е насочен кон презентација и промоција на новата европска кинематографија и новите европски филмски автори.
Покрај официјалните премиерни проекции, во склоп на фестивалот ќе се одржи и премиерата на филмот „ТМ“ во режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, со што традиционално фестивалот ќе биде затворен со филм од домашна продукција.
Во склоп на фестивалот ќе се одржат и две едукатинви работилници, тродневна работилница под мото „Озвучи ја својата имагинација“ предводена од актерката и театролог Христина Цветаноска, и ќе се одржи и работилница на тема „Од филм без буџет до долгометражен филм“ со Ивица Димитријевиќ и Мартин Иван, која е во соработка со Еuropean film Challanege и е поддржана од Европска Делагација.
Билетите се пуштени во продажба онлајн на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ по цена од 100 денари.
На 23.07.2020 (четврток) во 21.00 часот ќе се одржи проекција на брод како дел од проектот поддржан од Креативна Европа МЕДИА- European Film Challenge.
Погледнете ја целата фестивалска програма тука.
- Отворени МЕДИА денови
Закажете средба со тимот на МЕДИА Деск МК за време на Beach Film Festival и дознајте повеќе за Креативна Европа МЕДИА – пот-програмата на Европската Унија, која финансиски го поддржува европскиот филм и аудиовизуелните индустрии преку развој, дистрибуција и промоција.
Индивидуални средби може да закажете на media@ced.mk