Македонскиот долгометражен документарен филм во развој „Долината на Шарко“ во продукцијата на „ППФП“, во режија на Петра Селишкар доби поддршка од Креативна Европа МЕДИА од 25.000 евра на повикот за „Развој на проект“ (втор рок).
Филмот е по сценарио на Петра Селишкар и Танкред Ривиер, а продуцент е Сара Ферро за која ова е прв нејзин долгоментражен филм.
Филмот „Долината на Шарко“ веќе има добиено сретства за развој на сценарио од CNC script development и Règion Provence-Alpes-Côte d’Azur.
Продукцијата „ППФП“ е исто така копродуцент на словенечкиот филм „Тело“ за кој има добиено поддршка од Агенција за филм на Р. Северна Македонија за малцински проект, доби поддршка од Креативна Европа МЕДИА од 25.000 евра на повикот за „Развој на проект“ (втор рок).
Повикот за „Развој на проект“ од Креативна Европа МЕДИА ко-финансира европски филмски продукции (со долгометражни играни, документарни или анимирани филмови/серии) со висок потенцијал за меѓународна дистрибуција.
Погледнете ги тука сите македонски проекти поддржани од МЕДИА
Искрени честитки до продукцијата „ППФП“ од тимот на МЕДИА Деск МК