12.01.2021 - Новости

Сара Климоска  меѓу 10-те најдобри европски актери во подем – European Shooting Stars

Македонската актерка Сара Климоска е избрана меѓу 10-те најдобри  актери во подем од Европа на European Shooting Stars 2021, награда која се доделува од страна на платформата European film promotion. Оваа година 24. издание на European Shooting Stars, ќе се одржи дигитално во период од 23 до 25 февруари, една недела пред 71. издание на Берлинале.

Во оваа престижна селекција, Сара Климоска е избрана заедно со уште девет актерски имиња од Финска, Франција, Германија, Унгарија, Литванија, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска, за нејзината улога во дебитантскиот филм на Игор Алексов – „Лена и Владимир”, во продукција на Минд Продукција.

На European Shooting Stars досега учествувале многу познати актери од Европа, а од С. Македонија досега биле дел Благој Веселинов во 2019 , Наташа Петровиќ во 2011 и Лабина Митевска 1998 година.

Проектот European Shooting Stars е поддржан од потпрограмата Креативна Европа МЕДИА.

Повеќе информации за  European Film Promotion и проектот European Shooting Stars 2021 можете да најдете на линк:

https://www.efp-online.com/en/news/2021/20200112-EFP-EUROPEAN-SHOOTING-STARS-2021.php