Број на повик: Films on the Move (CREA-MEDIA-2022-FILMOVE) (претходно познат како Селективна поддршка за дистрибуција)
Поддршката за активноста на Филмови во движење е намената за широката дистрибуција на неодамнешни ненационални европски филмови, охрабрувајќи ги агентите за продажба и дистрибутерите во кино салите да инвестираат во промоција и соодветна дистрибуција на ненационални европски филмови.
Кој може да аплицира?
На повикот Филмови во движење можат да се пријават субјекти кои се:
- регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела).
- регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
- Апликантот мора да биде европски селс агент.
- Апликантот мора да има склучено договор со продуцентот за меѓународна дистрибуција на филмот во најмалку 15 земји кои учествуваат во МЕДИА програмата.
Очекувани резултати:
- Развој на пан-европски стратегии за дистрибуција за ненационални европски филмови во кино салите и/или онлајн
- Зголемени инвестиции во кино и/или онлајн промоција и дистрибуција на ненационални европски филмови со цел проширување на публиката
- Воспоставување или унапредување на соработката помеѓу секторите за производство и дистрибуција со што ќе се подобри конкурентската позиција на ненационалните европски филмови на глобалниот пазар
Поддршката е достапна за:
- Активности кои вклучуваат кампањи за паневропска кино и/или онлајн дистрибуција на квалификувани европски филмови, координирани од селс агентот.
- Проекти кои вклучуваат минимум 7 дистрибутери, од кои најмалку 2 мора да потекнуваат од земји со помал аудиовизуелен капацитет (Група А или Група Б).
- Филмови чии авторски права се воспоставени најрано во 2020 година.
- Филмот мора да биде игран (вклучувајќи анимирани филмови) или документарен, со минимално времетраење од 60 минути.
Достапно финансирање
Максималниот износ на кофинансирање изнесува 90% од вкупниот буџет на проектот. Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е помеѓу 24 и 36 месеци.
Подетални информации за повикот Филмови во движење, на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.
За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk