09.02.2022 - Oтворени повици

МЕДИА 360° (2022)

Линк: MEDIA 360° (CREA-MEDIA-2022-MEDIA360)

На 3. февруари 2022 година, Европската комисија, во рамките на Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“- МЕДИА, го објави Повикот за МEДИА 360° за 2022 година, со краен рок за поднесување на електронските апликации до 12. април 2022г.

Новата поддршка на Европскатата Унија, преку активноста МEДИА 360° е насочена кон искористување на синергиите меѓу постојните екосистеми во аудиовизуелниот сектор, развивање на понатамошен потенцијал за соработка. Повикот на МEДИА 360° поддржува пакет активности поврзани со олеснување на создавањето и промоцијата на европски содржини и/или прифаќање на нови технологии или деловни модели за аудиовизуелниот сектор.

Кој може да аплицира? 

 На повикот MEDIA 360° можат да се пријават субјекти кои се:

  • регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела).
  • регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа- целата листа е достапна на следниот линк);
  • регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк).
  • апликантите може да бидат и: меѓународни организации, асоцијации и интересни групи (под одредени услови); Creative Europe Desks (под одредени услови).
Поддршката е достапна за 

Проекти кои покриваат активности во најмалку два од наведените сегменти:

  • „Талент и вештини“
    Активностите може да бидат во форма на курсеви за обука и/или менторски програми засновани на иновативни методи на учење, настава, менторство и коучинг, користејќи ги најновите дигитални технологии, со силен фокус на обезбедување на е-учење и создавање на масивни отворени онлајн курсеви (MOOC).
  • „Пазари и вмрежување“
    Промовирање на европски и меѓународни копродукции вклучувајќи играни филмови, кратки филмови, видео игри, телевизиски серии и крос медиуми.
  • Поддршка за меѓународна копродукција (помеѓу компанија со седиште во земја која учествува во делот МЕДИА на Креативна Европа и компанија со седиште во земја која не учествува во делот МЕДИА).
  • Активности опфатени со поддршка за развој и/или ширење на „Иновативни алатки и бизнис модели“за зголемување на достапноста, видливоста и публиката на европските дела во дигиталната ера.
  • Активности на публиката кои обезбедуваат механизми за паневропска соработка со цел да се поттикне интересот и да се зголеми знаењето на публиката за европските филмови и аудиовизуелните дела, вклучувајќи специфични програми за филмското наследство.
Очекувани резутати: 
  • Подобрување на ефикасноста и конкурентноста на европските организации со високо ниво на експертиза и искуство во повеќе аудиовизуелни области, на европско и меѓународно ниво, преку намалување на административниот товар;
  • Поттикнување на нови деловни модели и подобрување на капацитетот за пристап до финансирање преку јасна повеќегодишна поддршка на програмата МЕДИА.
  • Промовирање на одржливи и еколошки решенија за аудиовизуелната индустрија.
Достапно финансирање

Максималниот износ на кофинансирање изнесува 70% од вкупниот буџет на проектот. Времетраењето на проектите во рамките на овој повик не треба да е подолго од 36 месеци.

 

Подетални информации за повикот  МEДИА 360° можете да најдете на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија.

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk