Број на повикот: CREA-MEDIA-2022-FESTNET
Мрежа на европски фестивали е поддршка намената за координирани и колаборативни активности помеѓу европските аудиовизуелни фестивали, со цел да се зголеми интересот на публиката за европски филмски и аудиовизуелни содржини и да се промовира нивната циркулација и видливост.
Кој може да аплицира?
На повикот Мрежа на европски фестивали можат да се пријават субјекти кои се:
- регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела).
- регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
- апликантите мора да бидат подобни субјекти кои организираат аудиовизуелни фестивали во земјите кои учествуваат во делот МЕДИА:
- На повикот можат да аплицираат филмски и аудиовизуелни фестивали чиишто програми имаат јасна кураторска, регулативна и селективна процедура
- Каде 50% од програмата ја сочинуваат европски филмови и аудиовизуелни дела од земјите кои се дел од потпрограмата МЕДИА.
Очекувани резултати:
- Зајакнување на соработката меѓу европските аудиовизуелни фестивали, членови на мрежата, што прикажуваат значителен дел европски филмови и аудиовизуелни дела преку координирани/заеднички активности насочени кон проширување и обновување на публиката.
- Зголемување на влијанието на европските аудиовизуелни фестивали со цел да се зајакне промоцијата, дистрибуцијата и циркулацијата на европски филмови и аудиовизуелни дела до пошироката публика низ Европа.
- Поттикнување на размена на знаења и модели на најдобри практики за соработка меѓу фестивалите преку координирани/заеднички активности насочени кон проширување и обновување на публиката.
Поддршката е достапна за:
- Спроведување на координирани и заеднички активности кои имаат за цел да го прошират развојот на публиката и интересот за европски филмови и аудиовизуелни дела.
- Спроведување активности поврзани со нејзиниот одржлив структуриран развој (на пр. настани за соработка; споделување на знаење и информации; комуникација меѓу членовите).
- Aктивности кои промовираат одржливи и еколошки одговорни практики.
Достапно финансирање
Максималниот износ на кофинансирање изнесува 90% од вкупниот буџет на проектот. Времетраењето на проектите во рамките на овој повик не треба да е подолго од 24 месеци.
Подетални информации за повикот Мрежа на европски фестивали можете да најдете на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.
За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk