20.02.2022 - Oтворени повици

Европска филмска дистрибуција (2022)

Линк: European Film Distribution (CREA-MEDIA-2022-FILMDIST) 

На 3 февруари 2022 година Европската комисија, во рамките на Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“- МЕДИА, го објави Повикот за проекти за европска филмска дистрибуција за 2022 година, со краен рок за поднесување на електронски апликации до 5. април 2022 година.

Европска филмска дистрибуција e поддршка наменета за широка транснационална дистрибуција на современи европски филмови преку обезбедување пристап до фондови за европски дистрибутери, врз основа на нивните достигнувања на пазарот, за откупување, промоција и дистрибуција (во кино салите и онлајн) на современи европски филмови. 

Кој може да аплицира?

На повикот Европска филмска дистрибуција можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
  • Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • Компании кои се активни во аудиовизуелната индустрија со главна дејност кино-дистрибуција; 
  • Кино дистрибутери кои ги исполнуваат следните критериуми: 
    • Да биде сопственик на правата за кино дистрибуција на филмот во засегнатата земја;
    • Да ја спроведува кино дистрибуцијата на филмот во засегнатата земја (одредување на премиера, план, контрола и спроведување на дистрибутивна и промотивна кампања);
    • Да ги исплати директно поврзаните дистрибуциски трошоци;
    • Да биде регистриран во земјата и да има кино-дистрибутерски операции во земјата. 
Очекувани резултати:
  • Подобрување на транснационалната дистрибуција на неодамнешните ненационални европски филмови;
  • Зголемување на инвестициите за продукција, откупување на права, промоција, кино и онлајн дистрибуција на ненационални европски филмови;
  • Вмрежување помеѓу секторот за продукција и дистрибуција со што ќе се подобри конкурентската позиција на ненационалните европски филмови. 
Поддршката е достапна за:

Активностите се одвиваат во две фази:

  1. Создавање на потенцијален фонд врз основа на перформансот на компанијата на европскиот пазар; 
  2. Потенцијалниот фонд мора да биде реинвестиран во (спореведување на активностите):
  • Копродукција на квалификувани европски филмови;
  • Стекнување на права за дистрибуција;
  • Промоција, маркетинг и рекламирање на пазарот на квалификувани европски филмови. 
Достапно финансирање:

Максималниот износ на поддршката е 1.000.000 евра по проект. Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ. Максималниот износ на кофинансирање од страна на донаторот изнесува 70% од вкупниот буџет на проектот. 

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик не треба да е подолго од 24 месеци. 

 

Подетални информации за повикот Европска филмска дистрибуција, се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk