Линк: European Film Distribution (CREA-MEDIA-2022-FILMDIST)
Европска филмска дистрибуција e поддршка наменета за широка транснационална дистрибуција на современи европски филмови преку обезбедување пристап до фондови за европски дистрибутери, врз основа на нивните достигнувања на пазарот, за откупување, промоција и дистрибуција (во кино салите и онлајн) на современи европски филмови.
Кој може да аплицира?
На повикот Европска филмска дистрибуција можат да се пријават субјекти кои се:
- Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
- Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
- Компании кои се активни во аудиовизуелната индустрија со главна дејност кино-дистрибуција;
- Кино дистрибутери кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Да биде сопственик на правата за кино дистрибуција на филмот во засегнатата земја;
- Да ја спроведува кино дистрибуцијата на филмот во засегнатата земја (одредување на премиера, план, контрола и спроведување на дистрибутивна и промотивна кампања);
- Да ги исплати директно поврзаните дистрибуциски трошоци;
- Да биде регистриран во земјата и да има кино-дистрибутерски операции во земјата.
Очекувани резултати:
- Подобрување на транснационалната дистрибуција на неодамнешните ненационални европски филмови;
- Зголемување на инвестициите за продукција, откупување на права, промоција, кино и онлајн дистрибуција на ненационални европски филмови;
- Вмрежување помеѓу секторот за продукција и дистрибуција со што ќе се подобри конкурентската позиција на ненационалните европски филмови.
Поддршката е достапна за:
Активностите се одвиваат во две фази:
- Создавање на потенцијален фонд врз основа на перформансот на компанијата на европскиот пазар;
- Потенцијалниот фонд мора да биде реинвестиран во (спореведување на активностите):
- Копродукција на квалификувани европски филмови;
- Стекнување на права за дистрибуција;
- Промоција, маркетинг и рекламирање на пазарот на квалификувани европски филмови.
Достапно финансирање:
Максималниот износ на поддршката е 1.000.000 евра по проект. Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ. Максималниот износ на кофинансирање од страна на донаторот изнесува 70% од вкупниот буџет на проектот.
Времетраењето на проектите во рамките на овој повик не треба да е подолго од 24 месеци.
Подетални информации за повикот Европска филмска дистрибуција, се достапни на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.
За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk