20.02.2022 - Oтворени повици

Иновативни алатки и деловни модели

Линк: Innovative tools and business models (CREA-MEDIA-2022-INNOVBUSMOD)

Иновативни алатки и деловни модели е поддршка наменета за зајакнување на конкурентноста, порастот и одржливоста на европските професионалци во аудиовизуелната индустрија, како и кон подобрување на видливоста, достапноста на европските дела и зголемување на публиката во дигиталната средина.  

Целта на овој повик е да се поддржат проекти се прилагодуваат кон специфичните предизвици поттикнати од тековните промени на аудиовизуелните пазари преку  откривање на нови теми за обработка,  приоретизирање на премиерните прикажувања, финансирање и територијализација со цел да се обезбеди видливост на европските дела онлајн и преку границите до широката публика. 

Кој може да аплицира? 

На повикот Иновативни алатки и деловни модели можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни правни лица);
  • Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк).
Поддршката е достапна за:
  • Развој и/или зголемување на употребата на иновативни алатки и бизнис модели со цел да се зголеми пристапноста, видливоста и публиката на европските дела во дигиталнота доба и/или придонес кон зголемување на конкурентноста и „позеленувањеЌ (greening) на европската аудиовизуелна индустрија; 
  • Прoектите треба да содржат соодветни стратегии за обезбедување на поодржлива и поеколошка индустрија, како и родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност.   
Очекувани резултати:
  • Подобрување на конкурентноста на европската аудиовизуелна индустрија преку: транспарентност, прибирање податоци и соодветна употреба на Big Data, прилагодување кон предизвиците и можностите поттикнати од тековните промени на аудиовизуелните пазари;
  • Подобрување на еколошкиот (greening) процес на европската аудиовизуелна индустрија;
  • Унапредување на продукцијата и циркулацијата на европските аудиовизуелни дела во дигиталнота доба;
  • Зголемување на видливоста, достапноста и разновидноста на европските аудиовизуелни дела во дигиталнота доба;
  • Зголемување на потенцијалната публика на европските аудиовизуелни дела во дигиталнота доба.
Достапно финансирање

Максималниот износ на кофинансирање изнесува 60% од вкупниот буџет на проектот. Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 36 месеци.

 

Подетални информации за повикот Иновативни алатки и деловни модели, се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk 

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk