04.03.2022 - Oтворени повици

Развој на видео игри и VR/AR содржина

Линк: Video Game and Immersive content development (CREA-MEDIA-2023-DEVVGIM)

Повикот за развој на видео игри и VR/AR содржина e поддршка насочена кон зголемување на капацитетот на европските продуценти на видео игри, VR/AR студија и аудиовизуелни продуцентски куќи за развој на видео игри и интерактивни виртуелни искуства,  кои имаат потенцијал да допрат до меѓународната публика. Оваа поддршка има за цел да ја поттикне конкурентноста на европската индустрија за видео игри и компаниите кои продуцираат интерактивна виртуелна содржина на европскиот и  меѓународниот пазар овозможувајќи им да го задржат правото на интелектуална сопственост на европските програмери.

Кој може да аплицира?

На повикот Развој на видео игри и VR/AR содржина можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела);
  • Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа- целата листа е достапна на следниот линк);
  • Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
  • Европски компании за развој на видео игри, VR/AR студија и продуцентски куќи кои имаат неодамнешно искуство во продукција на комерцијално дистрибуирани дела.
Поддршката е достапна за:
  • Развој на дела и прототипи со интерактивна нарација, оригинална содржина и квалитетна игра (quality gameplay) наменета за меѓународна продукција и користење преку персонални  компјутери, компјутерски конзоли, преносни уреди, мобилни телефони, таблети и други технологии;
  • Целта е да се обезбедат средства за развој на видео игри и интерактивни виртуелни содржини со висок степен на иновација, оригиналност и креативна вредност, кои имаат меѓународен комерцијален потенцијал.  Ова ќе овозможи понатамошно инвестирање во  иновативни европски содржини и зајакнување на  конкурентноста на европските компании на меѓународните пазари; 
  • Посебно внимание ќе добијат апликациите кои ќе приложат соодветни стратегии за обезбедување „позелена“  индустрија, родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност. 
Очекувани резултати
  • Зголемување на квалитетот, привлечноста, остварливоста и меѓународниот потенцијал на избраните проекти;
  • Зајакнување на позицијата на меѓународниот пазар на компаниите за развој на видео игри и интерактивно виртуелно искуство. 
Достапно финансирање

Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, кој е претходно утврден од страна на донаторот врз база на пресметаниот буџет на проектот. Максималниот износ на кофинансирање од страна на донаторот изнесува 150.000 евра, односно 50% од вкупниот буџет на проектот. 

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 36 месеци. 

 

 

Подетални информации за повикот Развој на видео игри и VR/AR содржина , се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk 

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk