06.03.2022 - Oтворени повици

Европски развој на мали групни проекти

Линк: European mini-slate development (CREA-MEDIA-2023-DEVMINISLATE)

Европски развој на мали групни проекти е поддршка насочена кон поттикнување на конкурентноста и зголемување на економската вредност на пазарот на европските независни продуцентски куќи  кои потекнуваат од држави со мал продукциски капацитет. Целта на овој повик е да се зголеми капацитетот на продуцентите од државите со низок аудиовизуелен капацитет за развој на проекти со висок потенцијал за циркулација низ Европа и надвор од неа, како и да се поттикнат европски и меѓународни копродукции. Оваа поддршка претставува и можност за млади и нови таленти да режираат краткометражен филм  во соработка со искусна и етаблирана продуцентска куќа. 

Кој може да аплицира? 

На повикот Европски развој на групни проекти можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
  • Регистрирани во држава со мал продукциски капацитет која учествува целосно во Потпрограмата МЕДИА; 
  • Регистрирани во една од државите со мал продукциски капацитет која учествува целосно во Потпрограмата МЕДИА, и кои се е во директна или индиректна сопственост, целосно или со мнозинско учество, на државјаните од тие земји; 
  • Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
  • Продуцентски куќи со неодамнешно искуство во продуцирање на меѓународно дистрибуирани дела;
  • Продуцентски куќи кои имаат реализирано најмалку едно дело од 2016 година до сега, а кое ги исполнува следните услови:
    • Да е анимиран, креативно документарен или игран проект (филмови или серијали) со вкупно времетраење од минимум 24 минути (освен за проект кој има неспоив формат – како виртуелна реалност (VR), кое не е условенo со времетраење);
    • Да е прикажуван во кино салите, емитуван на телевизија или достапен преку дигитални платформи во најмалку три различни земји од онаа на апликантот до денот на крајниот рок на поднесување на оваа апликација, и во случај на линеарно прикажување, најмалку од три различни емитувачи;
    • Прикажувањата или емитувањата да се од комерцијална природа (прикажувања на фестивали не се прифатени како комерцијална дистрибуција); 
    • Да е произведено од продуцентска куќа- апликант или продуцент (физичко лице- претставник на продуцентска куќа) или од еден oд сопствениците на правата на филмот;
    • Во случај на копродукција со друга продуцентска куќа, апликантот мора да е главен продуцент или продуцент во финансискиот план.
Поддршката е достапна за:
  • Развој на групни проекти составени од 2 до 3 аудиовизуелни дела во категориите: игран филм, анимација или креативен документарец, наменети за кино прикажување, телевизиско емитување или достапност на дигитални или мултимедијални платформи;
  • Апликантите можат да додадат краткометражен филм во режија на млад талент кон групата на приложени дела, но не е задолжително.
Цел на поддршката:
  • Да обезбеди пристап на аудиовизуелни продуцентски куќи до фондови  за развој на дела со високо квалитетни креативни вредности, културна разновидност и потенцијал за меѓународно прикажување. Продуцентските куќи се охрабруваат да развијат стратегии за маркетинг и дистрибуција од самиот почеток на проектот, со што би се зголемила видливоста на проектот на европско и меѓународно ниво; 
  • Да овозможи поголема соработка, вклучувајќи и копродукција помеѓу оператори од различни земји учесници во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа; 
  • Да ја зајакне конкурентноста на европските аудиовизуелни продуцентски куќи преку консолидирање на нивниот инвестициски капацитет во развојната фаза и проширување на активностите на компаниите и нивниот иновациски капацитет за истражување/ откривање нови подрачја и пазари;
  • Посебно внимание ќе добијат апликациите кои ќе приложат соодветни стратегии за „позелена“ индустрија, родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност. 
Достапно финансирање

Максималниот износ на кофинансирање изнесува помеѓу 60.000 евра и 310.000 евра.
Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ. Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, кој е претходно утврден од страна на донаторот: 

o Анимација (еднократна): 55.000 евра;
o Aнимирани серии: 60.000 евра;
o Креативен документарен филм: 30.000 евра;
o Креативна документарна серија: 35.000 евра;
o Игран филм со продукциски буџет под или еднаков на 5 милиони евра: 45.000 евра;
o Игран филм  со продукциски буџет над 5 милиони евра: 60.000 евра;
o Играна серија со продукциски буџет под или еднаков на 5 милиони евра: 55.000 евра;
o Играна серија со продукциски буџет над 5 милиони евра, но помал или еднаков на 20 милиони евра: 75.000 евра;
o Играна серија со продукциски буџет над 20 милиони евра: 100.000 евра.

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 36 месеци.

 


Подетални информации за повикот Европски развој на мали групни проекти, се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk 

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk