27.04.2022 - Oтворени повици

Европска филмска продажба (2022)

Линк: European Film sales agent (CREA-MEDIA-2022-FILMSALES)

На 22. февруари 2022 година Европската комисија, во рамките на Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“- МЕДИА, го објави Повикот за проекти за европска филмска продажба за 2022 година, со краен рок за поднесување на електронски апликации до 14. јуни 2022 година до 17ч.

Европска филмска продажба е поддршка насочена кон поттикнување на интернационалната дистрибуција на современи европски филмови, преку обезбедување пристап до фондови за европски селс агенти, врз основа на нивните достигнувања на пазарот, за откупување, промоција и дистрибуција (вклучувајќи и онлајн) на современи европски филмови. 

Кој може да аплицира?

На повикот Европска филмска продажба можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
  • Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
  • Апликантот мора да биде европски селс агент, односно компанија која делува како посредник агент за продуцентот, специјализирана во комерцијално користење на филмот, преку маркетинг и лицeнцирање на филмот до дистрибутери или други купувачи во други држави; 
  • Апликантот мора да биде овластен како селс агент, по пат на договор од страна на продуцентот на секој деклариран филм. Договорот помеѓу агентот и продуцентот ќе биде прифатен само доколку овозможува права на селс агентот за продажба на филмот во најмалку десет држави кои учествуваат во подпрограмата МЕДИА.
Поддршката е достапна за: 

Активностите се одвиваат во две фази:

  1. Создавање на потенцијален фонд врз основа на перформансот на компанијата на европскиот пазар; 
  2. Потенцијалниот фонд мора да биде реинвестиран во (спроведување на активностите):
  • Минимални гаранции или плаќања однапред за правата за меѓународна продажба на квалификувани европски филмови;
  • Промоција, маркетинг и рекламирање на пазарот на квалификувани европски филмови. 
Очекувани резултати:

 

  • Подобрување на интернационална дистрибуција на современи ненационални европски филмови;
  • Зголемување на инвестициите за продукција, откуп на права, промоција, кино и онлајн дистрибуција на ненационални европски филмови;
  • Вмрежување на секторот за продукција и дистрибуција со што ќе се подобри конкурентската позиција на ненационалните европски филмови. 

 

Достапно финансирање:

Максималниот износ на кофинансирање изнесува 70% од вкупниот буџет на проектот.  Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, кој е претходно утврден од страна на донаторот. Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ.

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 24 месеци. 

Подетални информации за повикот Европска филмска продажба, се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk