Линк: European Film sales agent (CREA-MEDIA-2022-FILMSALES)
Европска филмска продажба е поддршка насочена кон поттикнување на интернационалната дистрибуција на современи европски филмови, преку обезбедување пристап до фондови за европски селс агенти, врз основа на нивните достигнувања на пазарот, за откупување, промоција и дистрибуција (вклучувајќи и онлајн) на современи европски филмови.
Кој може да аплицира?
На повикот Европска филмска продажба можат да се пријават субјекти кои се:
- Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
- Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
- Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
- Апликантот мора да биде европски селс агент, односно компанија која делува како посредник агент за продуцентот, специјализирана во комерцијално користење на филмот, преку маркетинг и лицeнцирање на филмот до дистрибутери или други купувачи во други држави;
- Апликантот мора да биде овластен како селс агент, по пат на договор од страна на продуцентот на секој деклариран филм. Договорот помеѓу агентот и продуцентот ќе биде прифатен само доколку овозможува права на селс агентот за продажба на филмот во најмалку десет држави кои учествуваат во подпрограмата МЕДИА.
Поддршката е достапна за:
Активностите се одвиваат во две фази:
- Создавање на потенцијален фонд врз основа на перформансот на компанијата на европскиот пазар;
- Потенцијалниот фонд мора да биде реинвестиран во (спроведување на активностите):
- Минимални гаранции или плаќања однапред за правата за меѓународна продажба на квалификувани европски филмови;
- Промоција, маркетинг и рекламирање на пазарот на квалификувани европски филмови.
Очекувани резултати:
- Подобрување на интернационална дистрибуција на современи ненационални европски филмови;
- Зголемување на инвестициите за продукција, откуп на права, промоција, кино и онлајн дистрибуција на ненационални европски филмови;
- Вмрежување на секторот за продукција и дистрибуција со што ќе се подобри конкурентската позиција на ненационалните европски филмови.
Достапно финансирање:
Максималниот износ на кофинансирање изнесува 70% од вкупниот буџет на проектот. Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, кој е претходно утврден од страна на донаторот. Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ.
Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 24 месеци.
Подетални информации за повикот Европска филмска продажба, се достапни на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.
За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk