линк: European VOD networks and operators (CREA-MEDIA-2022-VODNET)
На 1 март 2022 година Европската комисија, во рамките на Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“- МЕДИА, го објави Повикот за проекти за европски ВОД мрежи и оператори за 2022 година, со краен рок за поднесување на електронски апликации до 2 јуни 2022 година до 17ч.
Европски ВОД мрежи и оператори e поддршка наменета за ВОД платформите кои прикажуваат значителен број на ненационални европски аудиовизуелни дела, со цел да се зајакне нивната конкурентност.
Кој може да аплицира?
На повикот Европски ВОД мрежи и оператори можат да се пријават субјекти кои се:
- Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
- Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
- Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
- Апликацијата мора да биде составена од група (конзорциум) од најмалку три правни лица кои ги исполнуваат следните услови:
- Да се ВОД сервиси (VOD services) од најмaлку две држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА;
- Или е ВОД платформа (VOD platform) која ги нуди своите услуги во најмалку две други држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА.
- Апликантот треба да презентира каталог (или групен каталог во случај кога конзорциумот е составен од повеќе ВОД сервиси) составен од:
- Најмалку 1000 достапни аудиовизуелни дела;
- Најмалку 30% од достапните дела треба да се од држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА;
- Вклучуваат аудиовизуелни дела од наjмалку пет држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА и кои репрезентираат најмалку пет различни официјални јазици на овие држави.
Поддршката е достапна за:
- Заеднички меѓународни активности наменети кон зајакнување на конкурентноста на Европските ВОД платформи кои прикажуваат значителен број на ненационални европски аудиовизуелни дела и зголемување на нивната достапност кон глобалната публика;
- Прoекти кои содржат соодветни стратегии за обезбедување на поодржлива и поеколошка индустрија, како и родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност.
Очекувани резултати:
- Зајакнување на меѓународна соработка помеѓу ВОД платформите преку заеднички активности наменeти кон зголемување на онлајн публика на европска аудиовизуелна содржина;
- Зајакнување на привлечноста на подобните ВОД платформи за меѓународната публика и онлајн потрошувачка во поголем обем.
- Подобрување на дигиталната циркулација и потрошувачка на европска содржина преку зголемување на нејзината видливост, достапност и истакнатост.
- Развој на нови бизнис модели и пробивање на меѓународниот пазар.
Достапно финансирање
Финансиската поддршка на ЕУ е ограничена на максимален износ на кофинансирање од 60% од вкупниот буџет на проектот.
Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е помеѓу 24 и 36 месеци.
Подетални информации за повикот Европски ВОД мрежи и оператори, се достапни на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.
За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk