Линк: European Co-development (CREA-MEDIA-2023-CODEV)
Развој на европски копродукциски проект е поддршка наменета за поттикнување соработка помеѓу европски продукциски куќи со цел да развијат дела со силен меѓународен и комерцијален потенцијал, наменети за киноприкажување и телевизиско емитување или за дигиталните платформи и мултимедијалните средини во категориите: игран филм, креативен документарец или анимација.
Целта на овој повик е да култивира таленти и вештини, мобилност и иновација во продукција на европски аудиовизуелни дела и да ја поттикне соработката помеѓу држави со различен продукциски капацитет кои учествуваат во МЕДИА програмата.
Кој може да аплицира?
На повикот Развој на европски копродукциски проект можат да се пријават субјекти кои се:
- Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
- Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
- Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
- Независни аудиовизуелни продуцентски куќи;
- Да имаат потпишано договор за копродукција (co-development agreement) кој ја одредува поделбата на обврски и соработката;
- Еден од апликантите мора да ги поседува мнозинските права на филмот, 50-50 поделба е исто прифатена.
- Продуцентската куќа која се јавува како проектен координатор мора да има реализирано најмалку едно дело од 2016 година до сега, а кое ги исполнува следните услови:
- Да е анимиран, креативно документарен или игран проект (филмови или серијали) со вкупно времетраење од минимум 24 минути (освен за проект кој има неспоив формат – како виртуелна реалност (VR), кое не е условенo со времетраење);
- Да е прикажуван во кино салите, емитуван на телевизија или достапен преку дигитални платформи во најмалку три различни земји од онаа на апликантот до денот на крајниот рок на поднесување на оваа апликација, и во случај на линеарно прикажување, најмалку од три различни емитувачи;
- Прикажувањата или емитувањата да се од комерцијална природа (прикажувања на фестивали не се прифатени како комерцијална дистрибуција);
*Продуцентската куќа- координатор може да поднесе само една апликација за Европски развој на (мали) групни проекти или Развој на европски копродукциски проект, но може да учествува како партнер во други апликации на гореспоменатите повици.
Поддршката е достапна за
- Активности кои опфаќаат заеднички развој на играни филмови, креативни документарци и анимации со минимално времетрање од 60 минути наменети за киноприкажување.
- Активности кои опфаќаат заеднички развој на играни филмови, креативни документарци и анимации, наменети за телевизиско емитување или прикажување на дигиталните платформи:
- Игран филм (еднократен или серија) со вкупно времетраење од минимум 90 минути.
- Анимација (еднократнa или серија) со вкупно времетраење од минимум 24 минути.
- Креативен документарец (еднократен или серија) со вкупно времетраење од минимум 50 минути.
- Активности кои опфаќаат заеднички развој на интерактивен и нелинеарен формат на играни филмови, креативни документарци и анимации (пр. Наративна виртуелна реалност) кое не е условенo со времетраење.
*
Цел на поддршката:
- Зголемена соработка во развојната фаза помеѓу европски продукциски куќи од различни држави и пазари, преку која би се зголемил бројот на копродукции;
- Подобар квалитет, остварливост, меѓународен потенцијал и пазарна вредност на одбраните проекти;
- Поцврста позиција на европскиот и меѓународниот пазар за одбраните продуцентски куќи во рамки на овој повик.
- Продуцентски куќи се охрабруваат да развијат стабилни и иновативни соработки на креативно и финансиско ниво, да развијат стратегии за маркетинг и дистрибуција од самиот почеток во развојната фаза на проектот, со што би се зголемила видливоста на проектот на европско и меѓународно ниво;
- Посебно внимание ќе добијат апликациите кои ќе приложат соодветни стратегии за „позелена“ индустрија, родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност.
Достапно финансирање
Финансиската поддршка на ЕУ е ограничена на максимален износ на кофинансирање од 50% од вкупниот буџет на проектот. Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ. Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, кој е претходно утврден од страна на донаторот:
- Максималниот износ на поддршка на ЕУ од координатор изнесува 60 000 евра;
- За копродукција на телевизиски серии со буџет над 20м евра, максималниот износ на поддршка на ЕУ од координатор изнесува 100 000 евра;
Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 30 месеци.
Подетални информации за повикот Развој на европски копродукциски проект, се достапни на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.
За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Е-пошта: media@ced.mk
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk