02.09.2022 - Новости

Euro Connection 2023 (повик за пријавување)

Euro Connection е европски ко-продукциски форум на кратки филмови што секоја година се одржува за време на филмскиот маркет Клермон-Феран во Франција и во чиј фокус е единствено краткиот филм. Форумот ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари 2023 и ќе вклучи настани за пичинг и вмрежување на европските продукциски куќи.  Форумот се организира со поддршка од програмата Креативна Европа МЕДИА. Продуцентите од Северна Македонија може да аплицираат за учество преку националниот партнер МЕДИА Деск МК.

На 15то издание на Euro Connection 2023 ќе учествуваат 14 избрани европски проекти. Продуцентите ќе имаат можност да учествуваат во работилница за пичинг, пичинг сесии како и да се претстават пред 150 професионалци од филмската индустрија, да се сретнат со потенцијални ко-продуценти и да одржат индивидуални консултации.

За селектираните продуценти, организаторот покрива сместување, акредитација за филмскиот саем во Клермон-Феран, како и рефундирање на дел од патните трошоци.

*Авторите/режисерите се добредојдени да се приклучат на програмата во заедничко сместување со продуцентите. За нив исто така ќе биде обезбедена акредитација и пристап до сите програми на маркетот.

Услови за пријавување:

Проектите мора да бидат од следниве земји: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Северна Македонија, Словачка, Словенија, Србија, Шведска, Велика Британија.

Проектот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • проектот мора да биде краткометражен филм (анимиран, игран, креативен документарен)
  • максимално времетраење до 30 минути
  • проектот мора да има обезбедено еден дел финансиски средства
  • проектот треба да има потенцијал за меѓународна ко-продукција
  • продукцијата или снимањето на проектот не смее да започне пред јуни 2023 година
  • продуцентот кој ќе биде селектиран се обврзува лично да учествува на Euro Connection

Како се аплицира:

Пријавата за учество во форумот треба да се испрати до МЕДИА Деск МК, по пат на електронска пошта ced@media.mk, најдоцна до 20-ти октомври 2022.

Пријавата може да ја преземете тука. Пополнетата пријава заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени во единствен ПДФ документ.

Селекција на проекти:

Националниот партнер во секоја земја е задолжен да ги собере и провери апликациите, да формира комисија за евалуација која ќе номинира еден проект финалист. Националниот партнер ги објавува резултатите за номинација на финалниот проект и ги доставува до Европското жири. Европско жири ќе одбере најмногу 13 проекти, а сите финалисти ќе бидат известени за листата на одбрани проекти до крајот на ноември 2022 година.

Повеќе информации:

За дополнителни информации можете да се обратите до МЕДИА Деск МК при Агенција за филм на Република Северна Македонија.

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk