31.01.2023 - Oтворени повици

Развој на публика и филмска едукација

 

 Линк до повикот: Audience Development and Film education

Развој на публика и филмска едукација е поддршка наменета за промоција на европски филмски и аудиовизуелни дела, вклучувајќи и дела од филмското наследство, преку активности наменети за развој и едукација на филмска публика, особено младата, низ Европа и надвор од неа.

Kој може да аплицира?

На повикот може да да пријават субјекти кои се:

  • регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела);
  • регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки програмата Креативна Европа, целата листа е достапна на следниот линк);
  • апликации со еден или повеќе корисници (конзорциум)
  • проектот мора да вклучи значителен дел (најмалку 50%) европски филмски и аудиовизуелни дела и да опфати европската публика од најмалку 5 други земји кои учествуваат во МЕДИА.
Поддршката е достапна за следните активности:

Проекти кои обезбедуваат пан-европска соработка и иновативни пристапи, особено прелу користење на нови дигитални алатки кои придонесуваат кон:

– зголемување на интересот и знаењето на публиката за европските филмови и аудиовизуелни дела, вклучително и специфични програми за филмското наследство;

– зголемување на пан-европското влијание и достапноста на публиката;

– промовирање и зголемување на придонесот што постојните европски филмови и аудиовизуелни дела го даваат кон развојот на публиката, филмското образование и филмската писменост.

Апликациите треба да презентираат соодветни стратегии за да се обезбеди поодржлива и еколошка индустрија како и родова рамноправност, инклузија, различност и репрезентативност.

Времетраење на проектот:

Проектот мора да се спроведе во периодот помеѓу 24 и 36 месеци. Проектот започнува на денот на потпишување на грант договорот со Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA Executive Agency), или на денот на поднесување на апликацијата доколку активностите го оправдуваат тоа.

Процесот на селекција трае неколку месеци. Се очекува резултатите од повикот да бидат споделени со корисниците во септември 2023.

Износ на грант

Вкупниот износ определен за овој повик за 2023 е 6,500,000 евра.
Овој повик има за цел да поддржи 15 проекти од Европа.

Ко-финансирање:

Финансиската поддршка е ограничена на максимален износ на ко-финансирање од 70% од вкупниот буџет на проектот.

Прва исплата

По потпишување на грант договорот, во рок од 30 дена, проектниот координатор ќе добие 40% од вкупната сума на грантот.

Дозволени трошоци

Директни трошоци направени од страна на корисниците кои се директно поврзани со спроведувањето на акцијата и затоа може да се припишат на неа.

Финансиските правила на програмата Креативна Европа ги разликуваат следните категории на директни трошоци:

  • директни трошоци за персоналот;
  • директни трошоци за поддоговори;
  • други директни трошоци: набавки на стоки и услуги (даватели на услуги), набавки или амортизација на опрема, патни трошоци, трошоци за живот и сместување.

Индиректните трошоци се прифатливи врз основа на паушална стапка од 7% од прифатливите директни трошоци.

Следен повик

Следниот повик се очекува да биде објавен во рамките на работниот план на Програмата Креативна Европа во 2025 година.

 Поднесување на апликација

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.

Пополнување

Новите апликанти мораат прво да обезбедат учеснички идентификациски код (Participant Identification Code (PIC)) преку регистрација на EU Login и да ги внесат информациите за нивната компанија на Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP).

Апликацијата е поделена во 4 дела:

  • Part A вклучува административни информации за организациите апликанти и вашата збирна буџетска проценка. Овој дел се пополнува директно системот за поднесување на апликацијата.
  • Part B вклучува опис на вашиот европски проект. Oвој дел особено важен во евалуацијата на вашиот проект. Формуларот за Part B се презема дирекно од системот за поднесување на апликацијата. Максимален дозволен број на страни е 70, со минимална големина на фонт Arial 9 и големина на страна А4 и маргини (горе, доле, лево, десно) најмалку 15мм.

Овој документ е заеднички за сите повици на програмата Креативна Европа. Мора да ги одговорите оние прашања кои се специфични за вашиот повик. Ако N/A е присутен, тогаш не треба да одговарате.

За овој повик активностите на проектот треба да бидат организирани во 3 работни пакети (working packages):
– WP 1: Project management (mandatory)
– WP 2: Activity 1 (example)
– WP 3: Communication (example)
Дополнителни работни пакети можат да бидат додадени

Дополнителни ресурси

Подетални информации за повикот Развој на публика и филмска едукација се достапни на следниот  линк.

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.

Е-пошта: media@ced.mk

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија

тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111

www.filmagency.gov.mk