Вчера започна 73то издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, на кој Креативна Европа МЕДИА ќе биде присутна со:
- 18 филмови поддржани oд Креативна Европа МЕДИА во делот на развој и дистрибуција, кои ќе бидат прикажани и ќе се натпреваруваат во различни категории.
- YOUR EUROPEAN AUDIENCE AT A GLANCE хибриден настан организиран од EFM со поддршка на Креативна Европа МЕДИА
Настанот ќе им овозможи на учесниците увид во вкусовите и потребите на европската публика со цел да ги подобрат своите маркетинг стратегии и сопствениот потенцијал за дистрибуција на делата низ Европа.
дата: 17 февруари, 16:30-17:30ч.,
место на одржување: Event Hall of the Documentation Centre и онлајн
- Информативни сесии на Креативна Европа МЕДИА
Дознајте ги последните новости и можности за поддршка на играни и ТВ филмови, анимации, документарни филмови во фаза на развој, вклучувајќи и развој на публика и филмска дистрибуција.дата: 20 февруари 10:00-16:00ч.,
место на одржување: Landesvertretung Schleswig-Holstein