Во рамките на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“, кој оваа година го остварува 5то издание на МакеКоПродокс форумот од 21 до 23 Август, МЕДИА Деск МК на 21 и 22 Август во Младинскиот Културен Центар во Скопје имаше поставено свој отворен штанд на кој секој заинтересиран беше информиран за можностите што програмата Креативна Европа Медиа ги нуди, со цел развој и дистрибуција на европскиот филм и други аудиовизуелни уметности.
Целта на МакеКоПродокс Форумот е да воспостави сојузен сектор во балканскиот регион за прв пат, како единствен начин за амортизирање на последиците од кризата. Во рамките на сесиите беа пласирани проблемите со кои се соочуваат регионалните земји, и се поттикна потрагата по нови начини за нивно надминување, истовремено истакнувајќи ги нивните несекојдневни и алтернативни регулативи посветени на растот на продукцијата на документарни филмови.
Форумот во склоп на фестивалот е истовремено организиран и поддржан од: МакеДокс, Агенција за филм во Северна Македонија, МЕДИА Деск МК, Грчки филмски центар, Вардар филм, ДАЕи Младинскиот Културен Центар Скопје.
МЕДИА и оваа година ја продолжува соработката со фестивалот МакеДокс, како еден од првите македонски апликанти кој успешно се здоби со поддршка и поттик за развој на креативниот документарец.
Целосната агенда за МакеКоПродокс форумот и за филмската програма на фестивалот Македокс може да се најде на следниот ЛИНК.