06.09.2023 - Новости

Euro Connection 2024

 

Euro Connection е европски ко-продукциски форум на кратки филмови што секоја година се одржува за време на филмскиот фестивал Клермон-Феран во Франција и во чиј фокус е единствено краткиот филм. Форумот ќе се одржи на 6 февруари  и 7 февруари 2024 и ќе вклучи настани за пичинг и вмрежување на европските продукциски куќи.  Форумот се организира со поддршка од програмата Креативна Европа МЕДИА.

Продуцентите од Северна Македонија може да аплицираат за учество преку националниот партнер МЕДИА Деск МК.

На 16то издание на Euro Connection 2024 ќе учествуваат:
12 европски проекти кои се избрани за пичинг
– Поканети се 6 продуценти – Продуценти во Фокус
– Севкупна индустриска публика од 150 продуценти и продукциски партнери од Европа

За селектираните продуценти, организаторот покрива сместување, акредитација за филмскиотфестивал за краток филм во Клермон-Феран, како и рефундирање на дел од патните трошоци.

*Авторите/режисерите се добредојдени да се приклучат на програмата во заедничко сместување со продуцентите. За нив исто така ќе биде обезбедена акредитација и пристап до сите програми на маркетот.

Услови за пријавување:

Проектите мора да бидат од следниве земји: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Луксембург, Малта, Молдова, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Северна Македонија, Словачка, Словенија, Србија, Шведска, Велика Британија, Шпанија.

Проектот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • проектот мора да биде краткометражен филм (анимиран, игран, креативен документарен)
  • максимално времетраење до 30 минути
  • проектот мора да има обезбедено еден дел финансиски средства
  • проектот треба да има потенцијал за меѓународна ко-продукција
  • продукцијата или снимањето на проектот не смее да започне пред јуни 2024 година
  • продуцентот кој ќе биде селектиран се обврзува лично да учествува на Euro Connection

Како се аплицира:

Пријавата за учество во форумот треба да се испрати до МЕДИА Деск МК, по пат на електронска пошта ced@media.mk, најдоцна до 20-ти октомври 2023.

Пријавата може да ја преземете тука. Пополнетата пријава заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени во единствен ПДФ документ. Нецелосните апликации или неподобните проекти нема да се разгледуваат.

Селекција на проекти:

Националниот партнер во секоја земја е задолжен да ги собере и провери апликациите, да формира комисија за евалуација која ќе номинира еден проект финалист. Националниот партнер ги објавува резултатите за номинација на финалниот проект и ги доставува до Европското жири.

Европското жири потоа ќе избере најмногу 11 проекти од сите финалисти проекти. Жирито ќе вклучува 3 индустриски професионалци од различни националности. Сите учесници финалисти ќе бидат информирани за списокот на избрани проекти за Euro Connection до крајот на ноември 2023 година.

Повеќе информации:

За дополнителни информации можете да се обратите до МЕДИА Деск МК при Агенција за филм на Република Северна Македонија.

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk и marija.zelenkovska@filmagency.gov.mk

 

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk