Линк: Innovative tools and business models (CREA-MEDIA-2024-INNOVBUSMOD)
Иновативни Алатки и Бизнис Модели е поддршка насочена кон поттикнување на развојот и/или проширувањето на иновативните алатки и деловни модели за поголема видливост и достапност до публиката, како и разновидност на европските дела во дигиталната ера и/или конкурентноста и/или процесот на позеленување на европската аудиовизуелна индустрија.
Целта на овој повик е да се поддржат проекти кои се фокусирани на специфичните предизвици поттикнати од тековните промени на аудиовизуелните пазари преку откривање на нови теми за обработка, приоретизирање на премиерните прикажувања, финансирање и територијализација со цел да се обезбеди видливост на европските дела онлајн и преку границите до широката публика.
Кој може да аплицира?
На повикот Иновативни алатки и деловни модели можат да се пријават субјекти кои се:
- Регистрирани како правни лица (јавни или приватни правни лица);
- Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
- Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк).
Поддршката е достапна за:
- Развој и/или зголемување на употребата на иновативни алатки и бизнис модели со цел да се зголеми пристапноста, видливоста и публиката на европските дела во дигиталнота доба и/или придонес кон зголемување на конкурентноста и „позеленувањеЌ (greening) на европската аудиовизуелна индустрија;
- Прoектите треба да содржат соодветни стратегии за обезбедување на поодржлива и поеколошка индустрија, како и родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност.
Очекувани резултати:
- Подобрување на конкурентноста на европската аудиовизуелна индустрија преку: транспарентност, прибирање податоци и соодветна употреба на Big Data, прилагодување кон предизвиците и можностите поттикнати од тековните промени на аудиовизуелните пазари;
- Подобрување на еколошкиот (greening) процес на европската аудиовизуелна индустрија;
- Унапредување на продукцијата и циркулацијата на европските аудиовизуелни дела во дигиталнота доба;
- Зголемување на видливоста, достапноста и разновидноста на европските аудиовизуелни дела во дигиталнота доба;
- Зголемување на потенцијалната публика на европските аудиовизуелни дела во дигиталнота доба.
Достапно финансирање
Проценетата достапна повик буџет е 8.500.000 евра.
Достапноста на буџетот за повици сé уште зависи од усвојувањето на буџетот за 2024 година со буџетскиот орган на ЕУ.
Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 36 месеци.
Подетални информации за повикот Иновативни алатки и деловни модели, се достапни на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок.
За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk и marijazelenkovska@gmail.com
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk