Линк: Video Game and Immersive content development (CREA-MEDIA-2024-DEVVGIM)
Повикот за развој на видео игри и VR/AR содржина e поддршка насочена кон зголемување на капацитетот на европските продуценти на видео игри, VR/AR студија и аудиовизуелни продуцентски куќи за развој на видео игри и интерактивни виртуелни искуства што имаат потенцијал да допрат до меѓународната публика. Оваа поддршка има за цел да ја поттикне конкурентноста на европската индустрија за видео игри и компаниите кои продуцираат интерактивна виртуелна содржина на европскиот и меѓународниот пазар овозможувајќи им да го задржат правото на интелектуална сопственост на европските програмери.
Кој може да аплицира?
На повикот Развој на видео игри и VR/AR содржина можат да се пријават субјекти кои се:
- Регистрирани како правни лица (јавни или приватни тела);
- Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа- целата листа е достапна на следниот линк);
- Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
- Европски компании за развој на видео игри, VR/AR студија и продуцентски куќи кои имаат неодамнешно искуство во продукција на комерцијално дистрибуирани дела.
Поддршката е достапна за:
- Развој на дела и прототипи со интерактивна нарација, оригинална содржина и квалитетна игра (quality gameplay) наменета за меѓународна продукција и користење преку персонални компјутери, компјутерски конзоли, преносни уреди, мобилни телефони, таблети и други технологии;
- Целта е да се обезбедат средства за развој на видео игри и интерактивни виртуелни содржини со висок степен на иновација, оригиналност и креативна вредност со меѓународен комерцијален потенцијал. Ова ќе овозможи понатамошно инвестирање во иновативни европски содржини и зајакнување на конкурентноста на европските компании на меѓународните пазари;
- Посебно внимание ќе добијат апликациите кои ќе приложат соодветни стратегии за обезбедување „позелена“ индустрија, родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност.
Очекувани резултати
- Зголемување на квалитетот, привлечноста, изводливоста и меѓународниот потенцијал на избраните проекти;
- Зајакнување на позицијата на меѓународниот пазар на компаниите за развој на видео игри и интерактивно виртуелно искуство.
Достапно финансирање
Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, претходно утврден од страна на донаторот врз база на пресметаниот буџет на проектот. Максималниот износ на кофинансирање од страна на донаторот изнесува 200.000 евра по проект, односно 60% од вкупниот буџет на проектот.
Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 36 месеци.
Подетални информации за повикот Развој на видео игри и VR/AR содржина , се достапни на следниот линк.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок (24 јануари 2024).
За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија.
Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk и marijazelenkovska@gmail.com
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk