13.10.2023 - Oтворени повици

Европски ВОД Мрежи и Оператори 2024

линк: European VOD networks and operators (CREA-MEDIA-2024-VODNET)

Оваа година Европската комисија, во рамките на Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“- МЕДИА, го објави Повикот за проекти на европски ВОД мрежи и оператори за 2023 година, со краен рок за поднесување на електронски апликации до 9 април 2024 година.

Европски ВОД мрежи и оператори e поддршка наменета за ВОД платформите кои прикажуваат значителен број на ненационални европски аудиовизуелни дела, со цел да се зајакне нивната конкурентност.

Кој може да аплицира?

На повикот Европски ВОД мрежи и оператори можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
  • Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
  • Апликацијата мора да биде составена од група (конзорциум) од најмалку три правни лица кои ги исполнуваат следните услови:
    • Да се ВОД сервиси (VOD services) од најмaлку две држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА;
    • Или е ВОД платформа (VOD platform) која ги нуди своите услуги во најмалку две други држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА.
  • Апликантот треба да презентира каталог (или групен каталог во случај кога конзорциумот е составен од повеќе ВОД сервиси) составен од:
    • Најмалку 500 достапни аудиовизуелни дела; 
    • Најмалку 30% од достапните дела треба да се од држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА;
    • Вклучуваат аудиовизуелни дела од наjмалку пет  држави кои учествуваат во потпрограмата МЕДИА и кои репрезентираат најмалку пет различни официјални  јазици на овие држави.
Поддршката е достапна за:
  • Заеднички меѓународни активности наменети кон зајакнување на конкурентноста на Европските ВОД платформи кои прикажуваат значителен број на ненационални европски аудиовизуелни  дела и зголемување на нивната достапност кон глобалната публика;
  • Прoекти кои содржат соодветни стратегии за обезбедување на поодржлива и поеколошка индустрија, како и родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност.
Очекувани резултати:
  • Зајакнување на меѓународна соработка помеѓу ВОД платформите преку заеднички активности наменeти кон зголемување на онлајн публика на европска аудиовизуелна содржина;
  • Зголемување на привлечноста на подобните ВОД платформи за меѓународната публика и онлајн потрошувачка во поголем обем.
  • Подобрување на дигиталната циркулација и потрошувачка на европска содржина преку зголемување на нејзината видливост, достапност и истакнатост. 
  • Развој на нови бизнис модели и пробивање на меѓународниот пазар. 
Достапно финансирање

Финансиската поддршка на ЕУ е ограничена на максимален износ на кофинансирање од 60% од вкупниот буџет на проектот. 

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е помеѓу 24 и 36 месеци. 

Подетални информации за повикот Европски ВОД мрежи и оператори, се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската Kомисија, во согласност со крајниот рок (9 април 2024). 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk и marijazelenkovska@gmail.com

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk