15.04.2024 - Oтворени повици

Мрежи на Европски Кина

Линк: Networks of European Cinemas (CREA-MEDIA-2024-CINNET)

Мрежи на европски кина е поддршка насочена кон поддршка на значителен дел од ненационални европски филмови за зголемена публика и обновено кино искуство. Покрај промоција на европските филмови, овој повик има за цел приспособување на деловните практики на европските кина во однос на одржливост, вклученост и пристапност, како и развој на еколошката индустрија.

Кој може да аплицира? 

На повикот Мрежи на Европски кина можат да се пријават лица кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
  • Регистрирани во држава со мал продукциски капацитет која учествува целосно во Потпрограмата МЕДИА; 
  • Регистрирани во една од државите со мал продукциски капацитет кои учествуваат целосно во Потпрограмата МЕДИА, и кои се во директна или индиректна сопственост, целосно или со мнозинско учество, на државјаните од тие земји; 
  • Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
    • Отворена за вропските кино мрежи. А кино мрежа е група на европските независни кина во развој, преку медиум на легално
      конституиран координативен ентитет.
    • Кино мрежата мора да биде составена од најмалку 400 кина лоцирани во
      најмалку 20 земји кои се дел од потпрограмата МЕДИА.
    • Европско независно кино е компанија, здружение или организација со
      еден екран или неколку екрани со седиште во земји кои се приклучени на потпрограмата МЕДИА.
    •  Кината кои ќе учествуваат мора да бидат регистрирани во една од земјите-учеснички под потпрограмата МЕДИА.
Поддршката е достапна за:
  • Мрежа на европски кино-оператори, со широка географска покриеност, како и скрининг на значителен дел од ненационалните европски филмови за зголемена публика и обновено кино искуство, поттикнувајќи ја улогата на европските кина во прометот на европските дела.
  • Апликациите треба да покажат соодветни стратегии за да се обезбеди поодржлива и поеколошка почитувана индустрија и да се одржи родова рамнотежа, инклузија, различност и репрезентативност.
Цел на поддршката:
  • Да ги поттикне кино-операторите да прикажуваат значителен дел од ненационалните европски филмови преку стимулации и заеднички проекти;
  • Да се зголеми интересот на публиката за ненационални филмови вклучително и преку развој на активности за млади гледачи на кино;
  • Да им се помогне на кината да ја прилагодат својата стратегија на променливата средина, вклучително и преку промовирање иновативни пристапи во однос на досегот на публиката и ангажман, како и партнерства со други оператори од филмската индустрија како и со локалните културни институции;
  • Да се поттикне размена на најдобри практики, споделување знаења и други форми на прекугранична соработка меѓу членовите на мрежата;
  • Да се придонесе за политичкиот дијалог за филмската индустрија преку собирање податоци и ширење на исходот од активностите на мрежата надвор од нејзините членови.
  • Посебно внимание ќе добијат апликациите кои ќе приложат соодветни стратегии за „позелена“ индустрија, родова еднаквост, инклузивност, разновидност и репрезентативност. 
Достапно финансирање

Максималниот износ на кофинансирање изнесува е 60.000 евра.
Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ. 

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 21 месеци.

 

Подетални информации за повикот Мрежи на европски кина, се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма МЕДИА при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: maja.maric@filmagency.gov.mk 

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk