Македонскиот МЕДИА Деск на покана од Канцеларијата за Креативна Европа МЕДИА од Бугарија, на 18 Март присуствуваше на овогодинешното издание на Софија Митингс, кое се одвиваше во рамките на Софија Филм Фестивал. Настанот беше насловен „Креативна Европа МЕДИА – Нови моменти и примери на успешна пракса од нашите соседни земји“. При тоа беа дадени примери од реализацијата на потпрогармата МЕДИА на Креативна Европа од Бугарија, Хрватска, Македонија, Чешка и Грција. Со настанот се даде поголема видливост и препознатливост на проектите од земјите од регионот и истиот беше можност за размена на искуства помеѓу филмските професионалци од наведените земји, а покрај тоа беа одржани и индивидуални консултации во врска со потпрограмата МЕДИА.
На настанот учествуваа Камен Балкански – Раководител на Канцеларијата за Креативна Европа МЕДИА на Бугарија, Мартина Петровиќ – Раководител на Канцеларијата за Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Владимир Стојчевски – Раководител на Канцеларијата за Креативна Европа МЕДИА на Македонија, Krystyna Plohonova од Работилницата МИДПОИНТ од Чешка, како и преставници на Медитеранскиот Филмски Институт од Грцаија, кои ја презентираа програмата Script 2 Film.
Повеќе информации за програмата на Софија Митинг може да најдете на следниот ЛИНК.
ФОТО ГАЛЕРИЈА од настанот.